Најубавите инспиративни цитати на Ог Мандино
Ог Мандино со право може да се нарече еден од најдобрите автори на сите времиња.
Неговите книги се непресушен извор на мудрости и искуства со кои ќе научите како да ги остварите своите соништа и никогаш да не се откажувате.
Многу успешни луѓе низ светот ги користат неговите цитати како мантри со кои го започнуваат денот и се инспирираат себеси да станат подобри и посилни личности од тоа што биле вчера.
Ова се само дел од неговите цитати кои и вам можат да ви послужат како мантра која ќе ве води наред низ животот:
- „Единствениот начин на кој можеш да успееш е да даваш повеќе и подобро отколку што од тебе се очекува, без оглед на задачата која ја имаш. Оваа навика ја негуваат сите успешни луѓе”.
- „Добро е да имате пари и сите оние нешта кои може да се купат, но исто толку е добро понекогаш да застанете за миг и да се осигурите дека во трката за пари не сте ги изгубиле оние нешта кои не може да се купат”.
- „Добрите мисли и добрите постапки никогаш нема да дадат лоши резултати”.
- „Најмногу од сè цени ја љубовта која ја добиваш од другите. Таа љубов ќе остане со тебе долго откако твоето богатство и здравје ќе ги нема”.
- „Ако одлучите, почнувајќи од утре, да вложите во својата работа многу повеќе отколку што сте платени за тоа, чуда ќе почнат да се случуваат во вашиот живот”.
- „Кога ќе стигнете до теснец и сè ќе се сврти против вас, и кога ќе имате чувство дека не можете повеќе да издржите ни миг, не се предавајте. Токму тоа е периодот во вашиот живот кога ќе дојде до пресврт на нештата”.
- „Никогаш не чувствувајте срам бидејќи сте се обиделе нешто и не сте успеале. Оној којшто никогаш не доживеал неуспех, никогаш не се ни обидел.“
- „Само навика може да покори друга навика.“
- „Пречките се неопходни за успех бидејќи во продажбата, како и во секоја друга кариера, победата доаѓа само после многу борба и безбројни порази“
- „Секогаш наградувај се себеси за долгите работни часови. Опушти се заедно со семејството.“
М. С. | Црнобело