Еврејски поговорки: Љубовта која се одржува со подароци е вечно гладна
Секој народ зад себе остава поговорки и мисли по кои останува запаметен. Така и меѓу Евреите со векови се раскажуваат следниве неколку реченици од генерација на генерација.
Се чуваат како драгоцени бисери, токму заради едноставноста, но и мудроста која ја кријат во себе.
- Ако човекот испие малку, добар е како овца. Ако испие малку повеќе, станува храбар како лав. Ако ја надмине мерката, груб е како тигар, а ако пијалакот му стане страст, личи на свиња која се валка во кал.
- Оној кој не знае да си го воспита своето дете да си го испоти лицето за да заработи леб, тој воспитува крадец.
- Она што е супата за телото, тоа е насмевката за душата.
- Љубовта која се одржува со подароци е вечно гладна.
- Ако не бидам подобар, ќе бидам полош.
- Научи да молчиш, за да знаеш да зборуваш.
- Што кај паметниот се постигнува со разум, кај будалиот се постигнува со ќотек.
- Каде ѓаволот не може сам, таму испраќа вино.
- Честа е како млеко, се валка од најмала трошка.
- Ако имаш горчина во срцето, шеќерот во устата нема да ти помогне.
- Господ нека ве чува од злобни жени, а од добрите чувајте се сами.
- Само ти биди здрав, богат и непознат...
- Кога ви се чини дека нема излез од некоја ситуација, има барем 4.
- Мудриот човек слуша еден збор, а разбира два.
М. Д. | Црнобело