Не зјапај во дрво, ако не можеш да го искачиш: 15 мудрости од Кореја кои ќе ви го збогатат умот
Мудроста на корејскиот народ истовремено успева да не интригира, но и да не натера на суптилен начин да ги сфатиме смислата на животот и целта на нашето постоење.
Со своите уникатни традиции и локални навики, доста се разликуваат од останатите култури, како и секоја друга нација во светот, па затоа можат да ни дадат и една посебна, поинаква перспектива.
Можеме многу да научиме од мудроста на корејскиот народ.
Изреки кои биле пренесувани од генерација на генерација:
1. Не е важно што носиш на себе, важно е каква душа носиш.
2. Ако жената е убава, ќе бидете среќни заедно цели три години. Ако жената совршено готви, ќе бидете заедно среќни, цели 30 години. Но, ако жената е паметна, твојата среќа ќе трае три генерации.
3. Вчера е историја, утрото останува непознат, но денес е подарок.
4. Сите мажи се деца, сè додека не добијат свои деца.
5. Ако забележите дека некој има маана, сетете се дека вие имате повеќе од само една.
6. Оној кој вели дека нема време да учи, никогаш нема да учи, дури и тогаш кога има време.
7. Ако го знаеш патот пред тебе, само трчај нанапред.
8. Тоа што не слушате новости, е исто така, добра вест.
9. По три години тренинг и кучето ќе научи да рецитира поезија.
10. Не можеш да го препокриеш целото небо само со една твоја дланка.
11. Кога умира тигарот, зад себе остава само коски, кога умира човекот, зад себе остава име.
12. Не можеш да плукаш на лице кое се смее.
13. Не зјапај во дрво, ако не можеш да го искачиш.
14. Облеката е најдобра кога е нова, пријателите се најдобри кога се стари.
15. Не мораш да го испиеш целото море за да откриеш дека е солено.
Н. Г. | Црнобело