Времето е најдобриот убиец: 15 неповторливи цитати од Агата Кристи

Агата Кристи е една од најпознатите писателки на мистериозни романи и раскази. Британката која доживеала длабока старост и починала на 86-годишна возраст е креатор на култните книжевни ликови, симпатичниот детектив Херкул Поаро и шармантната Мис Марпл.

15-citati-od-agata-kristi-koi-nema-da-ve-ostavat-ramnodushni-001.jpg

Повеќе од 70 детективски романи се вбројуваат во професионалната биографија на Кристи, а својот книжевен талент и умешност ги тестирала и во неколку љубовни романи и една книга за деца.

Агата е несомнено мајстор кога станува збор за сплетки, мистерии и убиства. Без разлика дали ќе ја одберете најпознатата „Убиство во Ориент Експрес“, „Смрт на Нил“, „Десетте мали црнци“, „Пајакова мрежа“, “Големата четворка“ или некоја друга од нејзиниот богат книжевен опус, подгответе се за размислување и неизвесност до последната страница.

Агата била исклучително комплексна, но и мудра забавна жена која изненадувала со интересни коментари во приватниот живот. Ова се само дел од нив:

1. „Археологот е најдобриот сопруг којшто може да го има една жена. Како што таа старее, толку позаинтересиран е тој за неа.“

2. „Необична мисла, но само кога ги гледате луѓето додека изгледаат бесмислено, сфаќате колку многу ги сакате.“

3. „Не верувам дека потребата е мајка на иновацијата – иновацијата, според моето мислење, произлегува директно од безделништво и веројатно од мрзеливост. Да се спаси некој себеси од мака.“

4. „Најдоброто време за планирање на книга е додека ги миеш садовите.“

5. „Само малкумина од нас се она што навистина сме.“

6. „Необични нешта се навиките. Некои луѓе никогаш и не знаеле дека ги имаат.“

7. „Никогаш не прави нешто, што може да го направат другите за тебе.“

8. „Кучињата се паметни. Тие ползат до најтивкиот агол, си ги лижат раните и не му се враќаат на светот додека не се целосно подготвени.“

9. „Инстинктот е неверојатно нешто. Не може ниту да се објасни ниту да се игнорира.“

10. „Сите ми рекоа – Следи го срцето. Го следев и ми го скршија.“

11. „Времето е најдобриот убиец.“

12. „Добриот совет скоро никогаш не се применува, но тоа не значи дека нема потреба да го дадете.“

13. „За секој проблем, постои наједноставно решение.“

14. „Секој убиец е веројатно нечиј стар пријател.“

15. „Стравот е нецелосно знаење.“

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg