Возрасните ги следат патеките, а децата ги истражуваат - Најубавите цитати од Нил Гајман

Писателите се веројатно луѓето кои најдобро ја разбираат човечката природа и начинот на кои сите ние реагираме и се однесуваме.

vozrasnite-gi-sledat-patekite-a-decata-istrazuvaat-najubavite-citati-na-nil-gajman-01.jpg

Можеби токму тоа е и причината што, дури и како возрасни, тие успеваат да ја задржат детската невиност и способноста да гледаат чуда и во најмалите ситници.

Еден од овие луѓе е писателот Нил Гајман на чии бајки се воодушевуваат и децата и возрасните. Познат по својата иронија, тој е човекот чии дела изобилуваат со безвременски вистини кои колку и да ни изгледаат далечни и како од некое друго време, всушност тие на совршен начин го опишуваат сето она со кое секојдневно се соочуваме.

Ова се најубавите цитати кои ќе ви го докажат тоа:

1. „Не само што не постојат среќни краеви, всушност не ни постојат некакви краеви.”

2. „Злото во принцип никогаш не спие и токму затоа не гледа причина зошто некој друг би требало да спие.”

3. „Ако постои една работа која сме ја научиле од историјата, тоа е дека работите секогаш може да станат полоши.”

4. „Но, таа знаеше дека не е паметно да го започне нејзиниот живот со Тристан така што ќе почне да се кара со неговата мајка.”

5. „Луѓето веруваат дека ќе бидат среќни ако напуштат сè и заминат да живеат на некое друго место, но кој да сфати дека не е така. Каде и да одиш, секогаш се носиш себеси.”

6. „Потешко е да убиеш идеја отколку човек, но сепак и тоа не е невозможно.”

7. „Градот не е град без книжарница. Тој може себеси да се нарекува град, но сè додека нема книжарница, само ќе се залажува што навистина е.”

8. „Тој забележа дека настаните се вистински кукавици: не се појавуваат одделно, туку се сојузуваат во групи и се фрлаат врз него одеднаш.”

9. „Повеќето книги за вештерство ќе ви кажат дека вештерките работеле голи. Тоа е така, бидејќи најголемиот дел книги за вештерство биле напишани од мажи.”

10. „Вистински опасните луѓе веруваат дека сето тоа што го прават, го прават единствено и исклучиво бидејќи тоа е вистинското нешто. А токму тоа е она што ги прави опасни.”

11. Возрасните ги следат патеките. Децата ги истражуваат.”

12.Не постои никој толку слеп како оној кој не сака да слуша.”

13. „Во градовите, како и кај луѓето, состојбата на утробата е таа што е најважна.”

14. „Постојат многу нешта кои се тешки за простување, но кога еден ден ќе се свртиш зад себе, ќе сфатиш дека веќе немаш семејство.”

15. „Помеѓу цивилизацијата и дивјаштвото постојат само 24 часа и 2 оброци.”

16. „Луѓето мислат дека колку посилно удриш толку повеќе ќе боли. Всушност не е важно колку силно ќе удриш, поважно е каде ќе удриш.”

17.Најбрзиот пат понекогаш е и најдолгиот.”

18. „Можеби најдобро ќе го сфатиме човековото однесување во моментот кога ќе разбереме дела најголемите подвизи и трагедии во историјата биле предизвикани не од луѓе кои во суштина биле лоши, туку од луѓе кои во суштина биле само луѓе.”

19. „Тие беа родени во свет кој беше против нив на илјада мали начини, а потоа дадоа сè од себе да го направат уште полош.”

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg