15 цитати од светските диви за најпопуларната тема - сексот

Некои од најубавите и најсексапилните жени на сите времиња отворено го изразиле своето мислење на една од темите која отсекогаш го буди интересот - сексот.

15-citati-od-svetskite-divi-za-najpopularnata-tema-seksot-01.jpg

Што имале да кажат познатите дами за најпопуларната тема во светот?

1. „Сексот е како миење на лицето, тоа е нешто што го правите затоа што морате. Сексот без љубовта е потполно бесмислен. Сексот секогаш доаѓа по љубовта, никогаш пред неа“ - Софија Лорен

2. „Сè што нè прави среќни во животот е едноставно: љубов, секс и храна“ - Мерил Стрип

3. „Сексот е лоша работа, бидејќи ви ја гужва облеката“ - Џеки Кенеди

4. „Би сакала јас да го измислев сексот“ - Деби Хари

5. „Секогаш сум била отворена кога е во прашање сексот и мило ми е што сум... За мене никогаш не бил „валкан“. На крај, Бог ни ги дал опремата и можноста за секс. Постои една стара изрека: „Да сакаше Бог да летаме, ќе ни дадеше крила“. Епа погодете што ни дал...“ - Доли Партон

6. „Спиев со мажи само со кои бев и во брак. Колку жени можат да го тврдат тоа?“ - Елизабет Тејлор

7. „Мислам дека сексот е преценет. Јас не сум сексапилна и свесна сум за тоа. Всушност, изгледам прилично смешно. За почеток, имам смешни заби, а и не поседувам ниту еден атрибут кои филмските диви обично ги имаат, потполно сум без облини“ - Одри Хепберн

8. „Никогаш немаме секс како луѓето во филмовите. Кога немаме каде, тоа го правиме и на под и додека стоиме, понекогаш воопшто и не се соблекуваме и обично немаме секси долна облека. А, знаете што? Ако некој би ми ја искинал облеката, мислам дека ќе го убијам“ - Џулиен Мур

9. „Сексот е потполно природна работа, а јас ја почитувам природата“ - Мерилин Монро

10. „Сексот е шега која Бог ја наменил за луѓето“ - Бети Дејвис

11. „Бев потчинета на мојот сопруг, а тој за возврат, ми даде да правам што сакам. Мислев дека сум среќна што имам таква романса“ - Џун Картер

12. „Веројатно сите мислат дека јас сум некоја страшна нимфоманка и дека сум незаситна, но вистината е дека би преферирала да прочитам некоја добра книга“ - Мадона

13. „Можеби луѓето ме нарекуваат грешница, но јас сум во мир сама со себе“ - Брижит Бардо

14. „Сакам кафе како што ги сакам мажите. Не сакам кафе“ - Елен Деџенерис

15. „Потребен ми е сексот за добар тен, ама би сакала да го практикувам заради љубовта“ - Џоан Крафорд

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
Станал алкохоличар на 15 години: Факти за актерот кој го глумеше Алехандро во серијата „Руби“ Славниот мексикански заводник Едуардо Сантамарина водел бурен и турбулентен живо...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg