Имаш две раце - една за да си помогнеш на себе, друга за да помогнеш на другите
Еднаш славната актерка и модна икона, Одри Хепберн, била замолена да ги подели своите совети за убавина. Можеби очекувате типични совети кои ќе ви помогнат да изгледате подобро, но нејзиниот одговор е поинаков...
Таа го рекла следново:
1. За убави усни, треба да зборувате љубезно.
2. За убави очи, треба да го пронајдете она што е добро во луѓето.
3. За витка става, треба да ја делите храната со гладните.
4. За убава коса, треба да им дозволите им на децата да ја допираат барем еднаш дневно.
5. За добро држење, одете со знаењето дека никогаш не сте сами.
6. На луѓето, повеќе отколку на работите, им треба обновување, преродба, признание - никогаш не отфрлајте никого.
7. Запомнете, ако некогаш ви треба помош, ќе ја најдете на краевите на вашите раце. Како растете, ќе откриете дека имате две раце - една за да си помогнете на себе, друга за да помогнете на другите.
8. Убавината на жената не е во облеката која ја носи, нејзината фигура или фризура.
9. Убавината на жената се огледува во нејзината душа - вниманието кое несебично го нуди и љубовта која ја покажува.
10. Убавината на жените се зголемува со секоја измината година.
Н. Г. | Црнобело