10 правила и цитати од жената која живееше најдолго во светот

Жан Луис Калмент досега е човекот со најдолг животен век. Таа живееше точно 122 години и 164 дена, а со тоа може да се каже дека е пример по кој треба да се водиме, ако сакаме да живееме подолго.

10-pravila-i-citati-od-zenata-koja-ziveeshe-najdolgo-vo-svetot-01.jpg

Родена е во Арл, Франција на 21-ви февруари 1875-та година. Кога се градела Ајфеловата кула таа имала 14 години.

Во тој период го запознала и Винсент ван Гог за кого, во интервју направено во 1988-та година, рекла дека е „валкан, лошо облечен и неподнослив човек“.

Кога наполнила 85 години започнала да се занимава со мечување и сè уште го возела својот велосипед. Кога имала 114 години таа снимила филм за нејзиниот живот.

На 117 години се откажала од пушењето (започнала да пуши на 21 година во 1986-та година). Изјавила дека не се откажува од пушењето поради здравствени причини, туку поради тоа што не сака секојпат некого да моли за да ѝ запали цигара (видот почнал да и слабее).

Во 1965-та година, кога Жан имала 90 години, потпишала договор со 47-годишниот адвокат Адре-Франсоа Рефреј. Тој се согласил секој месец да ѝ плаќа месечна сума од 2.500 франци за да го наследи нејзиниот стан.

Но, не само што не го наследил нејзиниот стан, туку и починал пред неа на 77 години. За станот ѝ плаќал цели 30 години.

На нејзиниот 120-ти роденден ја прашале каква иднина очекува, а таа одговорила дека „очекува да живее уште малку“.

Неколку цитати и правила за живеење од Жан Луис Калмент:

1. „Важно е да се чувствувате млади, не е важно како изгледате. Јас всушност сè уште сум многу млада девојка иако не изгледам многу добро последниве 70 години.“

2. „Имам само една брчка и на неа седам моментално.“

3. „Сите бебиња се убави.“

4. „Бог ме заборави.“

5. „Заљубена сум во виното.“

6. „Смејте се без разлика на сè. Само така можам да го објаснам мојот долг живот.“

7. „Ако не можете да промените нешто, не се грижете за истото.“

8. „Имам силна желба да живеам и голем апетит, посебно за благо.“

9. „Никогаш не носам маскара и многу често се смеам до солзи.“

10. „Не гледам добро, не слушам добро и се чувствувам лошо, но сè е во ред.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
Луѓето емитуваат светлина и уште 6 забавни факти за човечкото тело Во текот на денот, поради влијанието на гравитацијата, 'рбетниот столб малку се ...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg