Животни лекции кои ги научивме од Вини Пу: Некои луѓе премногу се грижат. Мислам дека тоа се вика љубов.

Ретко кој не слушнал за најпознатото мече на светот, Вини Пу. Но, ова мече е многу повеќе од само еден од јунаците на малите деца.

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-01.jpg

Работите кои ова мече ги кажува се цитати од кои децата би можеле да научат клучни животни лекции.

Дури и кога некој возрасен би седнал да го гледа цртаниот филм и би обрнал внимание на невините и искрени зборовите на мечето Вини Пу, сигурно во нив би забележал безвременска мудрост.

Ова се најголемите мудрости на кои може да ве научи Вини Пу:

1. Прасето: „Како се пишува зборот ’љубов‘?“ Вини Пу: „Љубовта не се пишува... таа се чувствува.“

2. „Ти си похрабар отколку што веруваш, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш.“

3. „Нештата кои ме прават поразличен се нештата кои ме прават тоа што сум.“

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-02.jpg

4. „Ако личноста со која зборуваш изгледа како да не те слуша, биди трпелив. Можеби едноставно има мало парче памук во ушите.“

5. „Ако некогаш дојде ден кога нема да можеме да бидеме заедно, задржи ме во срцето и јас ќе останам таму засекогаш.“

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-03.jpg

6. „Веднаш штом те видов, знаев дека ќе се случи авантура.“

7. „Понекогаш, најмалите нешта зафаќаат најмногу место во твоето срце.“

8. „Некои луѓе премногу се грижат. Мислам дека тоа се вика љубов.“

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-04.jpg

9. „Реките го знаат ова - нема потреба од брзање. Сите ќе стигнеме таму еден ден.“

10. „Ако ти доживееш 100 години, јас би сакал да доживеам 100 години без еден ден, за да не морам никогаш да живеам без тебе.“

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-12.jpg

11. „Плевелите се, исто така, цвеќиња, откако ќе се запознаете со нив.“

12. „Мислам дека сонуваме за да не бидеме раздвоени премногу долго. Ако сме во соништата на другиот, можеме да бидеме заедно цело време.“

13. „Не можеш да стоиш во твојот дел од шумата и да чекаш другите да дојдат кај тебе. Треба и ти да отидеш кај нив понекогаш.“

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-09.jpg

14. „Вети ми дека никогаш нема да ме заборавиш, бидејќи ако помислам дека можеш да го направиш тоа никогаш нема да си заминам.“

15. „Малку грижа, малку мислење и на другите околу вас, може да направи голема разлика.“

16. „Ден без пријател е како грне без капка мед во него.“

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-11.jpg

17. „Љубовта значи враќање неколку чекори наназад, можеби и повеќе од неколку... за да ја усреќите личноста која ја сакате.“

18. „Денот поминат со тебе е мојот најубав ден. Значи денес ми е нов омилен ден.“

19. „Колку сум среќен што имам некој заради кој кажувањето збогум е толку тешко.“

20. „Никој не може да биде тажен кога има балон!“

zivotni-lekcii-koi-gi-naucivme-od-vini-pu-17.gif

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Си ја предвидел смртта, почина на само 43 години: Се сеќавате ли на Џон Кенди? Го помниме по улогите во филмови како Home Alone кои го одбележаа нашето детство...
Факти за Јури Гагарин, првиот човек кој отишол во вселената - Некои веруваат дека е убиен од Советск... Знаевте ли дека Јури Гагарин бил висок само 157 сантиметри? Но, токму ова му пом...
Двапати имаше рак на дојка, беше во брак со нејзиниот телохранител: Факти за пејачката Анастасија И покрај бројните проблеми со здравјето, како Кроновата болест и двете дијагнози...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Тврдеше дека принцезата Дијана е бремена од син му Доди: Факти за милијардерот Мохамед ал Фајед Се верува дека Мохамед ал Фајед ги запознал принцезата Дијана и син му Доди биде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg