8 најинтересни факти за Орео колачињата
Вкусни и привлечни, скоро да нема некој кој не слушнал за овие слатки колачиња. Орео се најпродавани колачиња на планетата и толку многу се произведуваат што при натоварување тие 4 пати ја обиколуваат земјата.
Погледнете уште некои од најинтересните факти за Орео колачињата:
1. Потребно е помалку од 1 час за да се направи едно колаче – Поточно 59 минути. За да се направи оваа прекрасна смеса се користат 9.100 килограми какао и 22.700 килограми крем.
2. Колачите откриваат многу за личноста која ги јаде – Според една анкета од 2004-та спроведена од Kraft Foods, оние кои ги одделуваат се чувствителни, оние кои го потопуваат во млеко се луѓе полни со енергија, а оние кои директно гризат имаат голема самодоверба.
3. Тие создаваат зависност – Барем за лабораториските глувци. Во истражување од 2013-та, колачињата се покажале подеднакво зависни како кокаин или морфиум. Истражувачите заклучиле дека комбинацијата на високо ниво на масти и на шеќери ги активира центрите за зависност.
4. Орео колачињата имаат огромен број вкусови – Тие се продаваат во многу држави а успехот се крие во одржувањето на среќата на потошувачите – која зависи од вкусот на локалното население. Уникатните вкусови вклучуваат: зелен чај, алфахор, полнети капкејк колачиња, брауни, лубеница.
5. Нивниот дизајн е од длабоко значење – Луѓето кои специјализирале во мотиви тврдат дека има одредени сличности помеѓу визуелните елементи на колачето и елементи од историска важност. Тука спаѓаат симболите кои се поврзуваат со Фримасонската организација и редот на Темпларите.
6. Никој не знае зошто се викаат Орео – Но, постојат неколку теории – една од најпопуларните е дека името е некако поврзано со зборот „ор“ кој на француски значи злато, затоа што колачињта првично биле пакувани во златна обвивка.
7. Орео колачињата имаат своја улица во Њујорк – Лоцирана во Челзи помеѓу 15-та Улица и 9-та Авенија – а тоа е всушност улицата каде били направено првото колаче.
8. Тие се нови за голем дел од светот – Во Америка се произведуваат уште од 1912-та, но земјите како Русија, Македонија ова вкусно колаче го добиваат дури во 2014-та и 2015-та.
С. С. | Црнобело