Непроценливи увиди во природата на човекот од Харпер Ли

Нел Харпер Ли била обичен агент во авиокомпанија во Њујорк, сè до декември 1956-та година, кога таа добила подарок од нејзините пријатели со неколку охрабрувачки зборови: „Имаш една година пауза од работа, напиши што сакаш. Среќен Божиќ“. 

Neprocenlivi-uvidi-vo-prirodata-na-covekot-od-harper-li

Благодарение на нивниот подарок Ли ја напиша книгата „Да се убие птицата подбивница“, која се продаде во 30 милиони копии, а според неа е снимен и истоимениот филм. Книгата е преведена на многу различни јазици, а и денес е високо ценета.

Ли почина на 19-ти февруари во својот дом во Алабама на 90 години. Сакајќи да ја изразиме нашата благодарност до Харпер Ли за нејзиниот неверојатен придонес за светската литература, одбравме неколку непроценливи увиди во природата на човекот напишани од Харпер Ли.

1. Атик рече дека е културно човекот да зборува со луѓето за тоа што нив ги интересира, а не за тоа што него го интересира.

2. Никогаш навистина не можете да го разберете човекот додека не ги гледате работите од неговата гледна точка - додека не бидете во негова кожа.

3. Постојат неколку видови на луѓе кои се зафатени грижејќи се за следниот свет, што никогаш не научиле да живеат во овој свет.

4. Пред да можам да живеам со други луѓе, морам да живеам со себе.

5. Лошиот јазик е фаза која ја имаат сите деца, ова се губи со текот на времето кога децата ќе научат дека со таквиот јазик не привлекуваат внимание.

6. Работите се секогаш подобри во утринските часови.

7. Луѓето имаат навика да ги прават секојдневните работи под најчудните услови.

8. Обидете се да се борите со главата за промена.

9. Мислам дека постои само еден вид на луѓе. Луѓе.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цитати за сите оние кои изгубиле некого: „Тагувањето не те прави несовршен, туку те прави човек“ „Ќе изгубите личност без која не ќе можете да живеете, а срцето ќе ви биде скрше...
Бил жртва на булинг, се самоубил по смртта на мајка му – Факти за дизајнерот Александар Меквин Важеше за „хулиган во британскиот моден свет“. Го дотерувал сите, а самиот одел ...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
Како браќата Влад и Ники станаа успешни јутјубери - Заработуваат милиони благодарение на родителите Нивите родители, Сергеј и Викторија Вашкетов, им помогнаа на Влад и Ники да напр...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg