8 фасцинантни факти за Џ.Р.Р. Толкин: Бил лош возач, знаел старо-нордиски...

Толкин ја започна својата приказна за Middle-earth во „Хобитот“, а подоцна ја напиша својата епска трилогија позната како „Господар на прстените“. 

8-fascinantni-fakti-za-jrr-tolkin

Успехот на романите ги воведе читателите во еден богат свет на фантазија, јазик и култура. Толкин бил фасциниран од јазикот и културата, поради што читал безброј томови на античката митологија на различни јазици кои го инспирирале да го создаде сопствениот измислен јазик.

Сепак, иако многу луѓе ги знаат неговите приказни, тие не знаат толку многу за самиот Толкин.

Ова се 8 фасцинантни факти за Џ.Р.Р. Толкин:

1. Прва светска војна

Некои луѓе тврдат дека фантазијата на Толкин била под влијание на настаните од Втората светска војна, но вистината е дека приказните биле формирани и пред Втората светска војна, поточно, на неговата имагинација најголемо влијание имала Првата светска војна.

Толкин, како и многу млади луѓе во тоа време, бил војник. Не сакал да пишува за своите приказни за Првата светска војна, но и самиот признал дека неговите искуства најверојатно влијаеле врз него.


2. Обвинувања за расизам

Делата на Толкин често биле критикувани во минатото како расистички дела. Ова најмногу се должи на неговите карактери, од кои сите луѓе во основа се бели, освен црномурните орки кои се негативци.

Постојат дури и теории од националистите кои сметале дека Толкин верувал дека белата раса е супериорна. За среќа, ова се само шпекулации.

Белата и црната боја се користени за да го претстават доброто и злото. Другите обвинувања за културниот европоцентризам се помалку апсурдни, а се сведуваат на тоа дека Толкин бил под влијание главно на европската митологија.


3. Битлси сакале да ги екранизираат неговите дела

Кон крајот на својот живот, Толкин ги продаде правата за „Господарот на прстените“ и „Хобитот“ за  250.000 долари на компанијата United Artists. Постоеле заинтересирани страни кои сакале приказните да ги адаптираат за филм, но првиот сериозен обид бил од навистина неочекувана група.

Битлси сакале да го адаптираат „Господарот на прстените“ во филм во кој тие би биле во главни улоги. Тие зборувале со Стенли Кјубрик за нивната идеја. Кјубрик ја отфрлил идејата и изјавил дека не сака да ја адаптира книгата. Некои гласини велат дека проектот всушност бил откажан поради Толкин кој не ги сакал Битлсите.


4. Филологија

Толкин е познат како писател, но тој бил повеќе заинтересиран за јазиците. Всушност, јазикот е составниот дел од неговите раскази. Љубовта кон јазиците најверојатно била формирана на многу рана возраст.

Толкин зборувал англиски, латински, германски и француски јазик. Како што продолжил неговиот интерес, Толкин научил и други јазици како фински и старо-нордиски.


5. Чудно воспитување

Толкин не контактирал со остатокот од неговото семејство поради религијата на неговата мајка. Тие биле протестанти, а неговата мајка била католик. Откако починала неговата мајка, Толкин почнал да живее со тетка му, а неколку години подоцна завршил со друго семејство.


6. Несогласување со К.С Луис

Повеќето луѓе знаат дека Толкин и Луис биле добри пријатели. Двајцата често дискутирале за книжевност и теологија.

Но, Толкин силно ја мразел алегоријата како форма на пишување, а романите на Луис се познати по своите алегории. Токму ова е причината за нивните несогласувања.


7. Том Бомбандил

Том Бомбандил е еден од најчудните и најмистериозните ликови во целата митологија во „Господарот на прстените“. Некои луѓе сметале дека Том е целосно и крајно несоодветен карактер во романите.

Питер Џексон очигледно размислувал исто, бидејќи го изоставил овој лик во филмовите. Толкин толку го сакал ликот на Бомбандил, што напишал и посебна книга само за неговиот лик.


8.
Толкин и автомобили

И покрај фактот дека автомобилите биле релативно нова технологија, Толкин решил да купи автомобил, иако бил познат како лош возач.

Всушност, според кажувањата тој бил „чист терор“ на патот. За среќа за секој друг возач на патот, Толкин на крај се откажал од идејата да поседува автомобли поради загадување на животната средина.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
Тинејџерките лудуваа по него, денес не личи на поранешниот заводник - Се сеќавате ли на Факундо Аран... Кон крајот на 1990-те скорои и да немаше тинејџерка што не беше заљубена во Иво ...
Бил расист, ги запоставувал децата – Мрачни детали за таткото на Доналд Трамп Доналд Трамп потекнува од моќно и богато семејство, но наводно неговото детство ...
Имала деформиран роднина кој го затвориле во зандана: Трагедиите на семејството на мајката на кралиц... Постојат гласини дека роднина на кралицата-мајка се родил толку деформиран, што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg