Најдобрите мисли од познатите за 2015-та година
Годината која измина беше преполна со случувања и настани кои ќе останат врежани во историјата.
Познатите личности се секогаш во центарот на вниманието, па често нивните говори, мисли и интервјуа содржат зборови кои вреди да бидат слушнати.
Затоа ги издвојуваме најдобрите од 2015-та:
1. „Нашето искуство, добро или лошо, не прави она што сме. Со надминувањето на тешкотиите, ние стануваме посилни и растеме како личности“ – Анџелина Џоли
2. „Носењето лоши одлуки, не те прави лоша личност. На тој начин учиш како да носиш подобри одлуки во иднина“ - Дру Баримур
3. „Има многу поважни разговори од тоа како изгледаат жените или како тие стареат“ – Мег Рајан
4. „Сите имаат убедувања дека треба да изгледаат совршено, но никој не е совршен“ – Џеси Нелсон (Little Mix)
5. „Не се плашете од вашите големи соништа, но запомнете дека соништа без конкретни цели се само соништа и тоа е огромно разочарување. Затоа имајте големи соништа, но имајте и конкретни цели. За да ги постигнете тие цели, вие мора да вметнете дисциплина и секојдневна континуираност за да успеете. Мора да работите напорно за да го постигнете, јас се трудам да си поставам цел секојдневно..“ – Дензел Вашингтон
6. „Да признаеме, ние сите имаме два волци во нас, еден добар и еден лош, вие знаете за што зборувам. И тие двајцата сакаат да јадат. Ние треба да го храниме добриот волк малку повеќе од оној другиот“ Метју Меконахи
7. „Јас навистина не се грижам што мислат луѓето за мене. Знам дека звучи лудо, бидејќи јас сепак сум актерка, но јас навистина воопшто не се грижам што мислат за мене“ – Зои Дешанел
8. „Јас сè уште верувам во бајките. Колку повеќе работам на себеси, повеќе си давам можност да се втурнам во длабока и значајна врска која ќе ме однесе во светот на бајките и ќе трае засекогаш“ – Џенифер Лопез
9. „Да бидам искрен, мојот татко не се грижеше дали јас ќе бидам водоинсталатер или актер. Тој само ми рече, што и да правиш, прави го онака како што треба. Биди скромен, работи напорно и биди маж во вистинска смисла на зборот“ - Скот Иствуд
10. „Јас сум жена и имам чувства, иако луѓето мислат дека јас воопшто не се грижам. Јас сум силна, посилна од сè, но сепак јас сум само човечко суштество“ – Пинк
И покрај тоа што тие се постојано во фокусот, сепак познатите се луѓе од крв и месо, со емоции како сите нас, со животни приказни кои е добро да се слушнат.
Затоа честопати тие знаат да бидат инспирација на оној на кого тоа му е најпотребно.
Н. Буџак | Црнобело