Номофобија е фобија да останете без мобилен телефон: Интересни факти за фобиите
Фобијата претставува нереален, интензивен и континуиран страв од одредени ситуации, активности, луѓе, нешта или животни од кои постои мала или не постои реална опасност.
Фобиите главно не се лекуваат затоа што многу од луѓето не бараат лекарска помош или пронаоѓаат начини да ги избегнат ситуациите или работите од кои се плашат.
Дознајте колку познати фобии постојат во светот, од која фобија пател Александар Македонски, дали постои фобија од заљубување?
1. Во светот постојат околу 400 фобии, кои се познати за психолозите.
2. Фобофобија е страв да не имате фобија.
3. Номофобија е фобија да останете без мобилен телефон или без сигнал.
4. Филофобија е страв од заљубување.
5. Според најновите истражувања фобиите може да се сеќавања кои се пренесуваат генерациски преку ДНК.
6. Александар Македонски, Наполеон, Мусолини и Хитлер имале страв од мачки или алиурофобија.
7. Одонтофобија е страв од одење на заболекар и примање било каква заболекарска помош.
8. Медомалакуфобија е страв од губење на ерекција, кој може да предизвика потење, мачнина, напад на паника и забрзана работа на срцето.
9. Според последните истражувања од фобии патат 7-13% од луѓето.
10. Жените имаат двапати поголеми шанси да развијат фобија за разлика од мажите.
Н. Т. | Црнобело