Луѓето најчесто ја навалуваат главата на десно кога се бакнуваат: Интересни факти за љубовта

Вљубувањето е прекрасно искуство, но за љубовта постојат толку многу чудни психолошки факти. На пример, дали знаете зошто се вцрвувате кога се бакнувате со личноста која ја сакате или ви се допаѓа? Или зошто кршењето на срцето боли толку многу?

lugjeto-najcesto-ja-navaluvaat-glavata-na-desno-koga-se-baknuvaat-interesni-psiholoshki-fakti-za-ljubovta-01.jpg

Прочитајте ги овие факти и дознајте нешто повеќе за љубовта:

Љубовта нè прави луди

Љубовта го намалува нивото на серотонинот во мозокот што може да доведе до „опсесија“ кон одредена личност.

Следно, љубовта го зголемува производството на хормонот на стресот (кортизол), што може да предизвика повисок крвен притисок и несоница.


Скршеното срце секогаш боли

Едно ново истражување покажува дека психолошката болка после раскинувањето е исто толку реална колку и физичката повреда. Постојат две области во мозокот кои реагираат на физичка болка. Тие се активираат кога едно лице се справува со социјална или романтична болка.

Истражувачите веруваат дека болката предизвикана од одбивање може да биде поврзана со еволуцијата. Потточно, луѓето бараат социјална интеракција, бидејќи истата е од суштинско значење за опстанокот на повеќето цицачи.


Бакнеж на вистински начин

Дали знаете дека постои „вистински“ начин на бакнување? Луѓето најчесто ја навалуваат главата на десно кога се бакнуваат, а ретко на лево.


Вцрвување

Најдобар пример да се објасни вцрвувањето е примерот со мајмуните, бидејќи кај нив румените образи се од суштинско значење во играта на љубовта, вели едно ново истражување. Приматите преферираат другари со црвени лица. Розевиот сјај, исто така може да делува како сличен знак кај луѓето, велат британските истражувачи, бидејќи испраќа порака на добро здравје. 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како браќата Влад и Ники станаа успешни јутјубери - Заработуваат милиони благодарение на родителите Нивите родители, Сергеј и Викторија Вашкетов, им помогнаа на Влад и Ники да напр...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Нема завршено средно, ќе донира пола од богатството: Кој е милијардерот што отиде на првата приватна... Во четвртокот (12.09) милијардерот Џаред Исакман стана првиот човек кој отишол н...
Станал алкохоличар на 15 години: Факти за актерот кој го глумеше Алехандро во серијата „Руби“ Славниот мексикански заводник Едуардо Сантамарина водел бурен и турбулентен живо...
10 цитати за сите вљубеници во Италија „Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“… Се чувствувате ли и ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg