Победата над стравот е почеток на мудроста
Кога би требало да ги дефинираме мудроста и знаењето, речиси сигурно сите ќе имаме различни одговори.
Ова се само дел од одговорите на големите и мудри умови, издвоени како цитати:
„Она што го сака, мудриот го бара во себе. Простиот човек истото го бара кај другите“ – Конфучиј
„Еден разговор со мудар човек вреди повеќе од месеци учење од книга“ – Кинеска поговорка
„На паметниот човек речиси се му е смешно, на мудриот речиси ништо“ – Гете
„Подобро е да разбереш малку, отколку погрешно да разбереш многу“ – Анатол Франс
„Мудроста е ќерка на искуството“ – Леонардо да Винчи
„Кој ги познава другите, бистар е. Кој се познава себе, мудар е. Кој ќе ги победи другите, насилен е. Кој ќе се победи себе, силен е. Кој ќе се повреди себе, моќен е. Кој си е доволен сам на себе, богат е. Кој ќе ја сочува положбата, трпелив е. Кој не ја губи свеста и во смртта, и понатаму живее“ – Лао Це
„Треба да имаш многу мудрост, па да знаеш да остариш без грдотија, без пакост и без тага – три кобни работи кои секогаш одат заедно“ – Јован Дучиќ
„Победата над стравот е почеток на мудроста“ – Бертранд Расел
„Никогаш човекот не може да каже толку мудрости, колку што може да премолчи лудости“ – Јован Дучиќ
Д. М. | Црнобело