Не е лошо времето во кое живееме, туку луѓето
Постојат луѓе и луѓе со големи срца и широки хоризонти... Во продолжение, најмудрото од најмудрите луѓе кои се потрудиле да дадат дефиниција за рационалниот човек, за човечноста, за луѓето, за среќата, за простувањето...
За сите оние работи кои некого прават Човек:
„Постои само една ронка од вселената што сигурно можете да ја промените, а тоа сте вие“. - Вилијам Џенингс Брајан
„Има само два вида луѓе на светот - добри и лоши. Добрите подобро спијат, но изгледа дека лошите повеќе уживаат кога се будни“. - Вуди Ален
„Којзнае каква тишина би настанала кога луѓето би го зборувале само она што го знаат“. - Карл Чапек
„Да станеш човек е поубаво отколку да станеш крал“. - А. Г. Матош
„Не е лошо времето во кое живееме, туку луѓето“. - Чарлс Дарвин
„Секогаш е вистинско време човек да го направи она што е исправно“. - Мартин Лутер Кинг
„Она што најнепосредно нè усреќува е способноста на умот. Оваа добра особина е сама по себе награда. Затоа, развивањето ведрина во себе треба да ја ставите како приоритет“. - Артур Шопенхауер
„Во моментот кога човекот ќе почне да се сомнева во својот живот и своите вредности, тој се разболува“. - Зигмунд Фројд
„Луѓето простуваат сè, освен искреност“ . - А. Г. Матош
„Големите умови расправаат за идеите. Средните за настаните. Малите умови расправаат за луѓето“. - Еленор Рузвелт
„За да се признае туѓата вредност, треба да имате сопствена“. - Артур Шопенхауер
М. К. | Црнобело