Пријателството е една душа што живее во две тела
Пријателството е најголема привилегија денес. Да се има вистински пријател е среќа. Дали сте вие добар пријател? Дали имате пријатели?
Мудрите мисли од големи и мали умови ќе ви одговарат на прашањата:
1. Колку и да е ретка искрената љубов, уште поретко е вистинското пријателство.
2. Судбината ни ги дава родителите, но пријателите си ги бираме сами.
3. Пријател е оној кој знае сè за тебе и покрај сè те сака.
4. Пријателството е една душа што живее во две тела.
5. Кога пријателите се против вас, тоа значи дека или сте апсолутно виновни или апсолутно сте во право.
6. Имаме помалку пријатели отколку што мислиле, а повеќе отколку што знаеме.
7. Без разлика на тоа колку сериозност бара животот, секогаш е потребен пријател со кој можеш да се глупираш.
8. Вистинската дарежливост не бара ништо за возврат.
9. Пријателството е како парите, лесно се стекнува, но тешко се чува.
10. Прегратката е прекрасен подарок, една големина, а им одговара на сите.
11. Не е важно каде сте, туку со кој сте.
12. Кој зборува со тебе за мааните на другите, на другите ќе им зборува за твоите.
13. Тројца можат да чуваат тајна, ако двајца од нив се мртви.
14. Чувај ме Боже од пријателите, од непријателите сам ќе се чувам.
15. Ако еднаш ме излажеш, ти си виновен, ако ме излажеш двапати, јас сум виновен.
16. Пријатели можеш да имаш само ако си пријател.
17. Пријателството престанува кога има долг.
18. Поранешен пријател е полош од непријател.
19. Вниманието е најдобриот пат до пријателството.
20. Сакате да стекнете непријатели, фалете се пред пријателите, сакате да стекнете пријатели, дозволете тие да се фалат пред вас.
Н. Т. | Црнобело