12 интересни факти: Клеопатра се венчала за својот брат, никој не ги знае последните зборови на Ајнштајн
Кога почнал да компонира Моцарт, кој го измислил телефонот, кој е најмладиот папа? Дали некогаш во животот сте се запрашале кои биле последните зборови на Алберт Ајнштајн?
Неколку факти кои ќе го задоволат вашето љубопитство:
1. Клеопатра се венчала за својот брат Птоломеј.
2. Националното знаме на Италија било дизајнирано од страна на Наполеон Бонапарта.
3. Основачот на теоријата на комунизмот Карл Маркс, никогаш не бил во Русија. Маркс е роден во Германија, живеел во Франција и Англија, каде ги напишал своите капитални дела од оваа област.
4. Наполеон, познатиот француски император не е роден во Франција. Родното место му е Корзика, а родителите му се Италијанци.
5. Артур Конан Дојл, творецот на Шерлок Холмс, по професија бил офталмолог.
6. Моцарт започнал да компонира на 3-годишна возраст.
7. Кога ја напишал својата 9-та симфонија, Бетовен бил сосема глув.
8. Кога Алберт Ајнштајн умирал, неговите последни зборови останале незабележани, бидејќи медицинската сестра до него не знаела германски.
9. Александар Бел, кој го измислил телефонот, никогаш немал можност да им се јави на својата мајка и на својата сопруга, бидејќи биле глуви.
10. Во 11-от век, Бенедикт IX станал папа на Рим на 11-годишна возраст.
11. Цар Соломон имал над 700 жени и уште неколку илјади љубовници.
12. Јохан Себастијан Бах имал 11 деца.
Н. Т. | Црнобело