Интересни факти за близнаците: Последните децении е зголемен бројот, високите жени почесто ги раѓаат

Еднојајчаните близнаци имаат исти гени, но нивните личности се различни, дури и кога се воспитувани на ист начин.

interesni-fakti-za-bliznaci-poslednite-decenii-e-zgolemen-brojot-visokite-zeni-pocesto-gi-ragjaat-01.jpg

Истражувачот Тим Спектор верува дека различната експресија на гените е последица на факторот околина.

Неколку интересни факти за еднојајчените близнаци:

Ако оплодената клетка се подели во подоцен стадиум од ембрионалниот развој, отколку што е вообичаено, резултатот се близнаци кои се симетрични. Некои од нивните телесни карактеристики обично се спротивно ориентирани, на пример едниот близнак е десничар, а другиот левичар.

Близнаците обично создаваат сопствен јазик кој е неразбирлив за другите. Едно истражување објавено од Институтот за општа лингвистика, покажува дека автономните јазици постојат кај 40% од близнаците, иако тие не го паметат јазикот цел живот. Јазикот обично се состои од некои измислени зборови, неколку различни изрази и варира со возраста. Феноменот не е ограничен само на близнаците и може да се забележи кај обичните браќа и сестри.

Иако некои бразди на врвот на прстот се слични, близнаците се разликуваат по детали, покажало едно истражување.

Бројот на близнаци последниве децении е зголемен

Бројот на близнаци е најголем до сега, покажало истражувањето на Националниот центар за здравствена статистика. Бројот на раѓање на близнаци е зголемен за 76% од 1980 до 2009 година. Пресудни за ова се методите за лечење на неплодност. Исто така, жените кои се постари од 30 години почесто раѓаат близнаци.

interesni-fakti-za-bliznaci-poslednite-decenii-e-zgolemen-brojot-visokite-zeni-pocesto-gi-ragjaat-2.jpg

Иако луѓето тешко ги разликуваат еднојајчаните близнаци, тоа не е случај кај кучињата. На пример, германските овчари кои се посебно обучени, можат да забележат варијации во мирисот кај еднојајчаните близнаци.

Тоа важи и во случаи кога близнаците живеат во иста куќа и јадат иста храна. Кучињата кои се користени во студијата биле тренирани од полицијата, посебно обучени да разликуваат нијанси во мирисот.

Истражувањето е спроведено на близнаци постари од пет години, па не е познато дали кучињата можат да разликуваат мирис и кај бебиња.


Високите жени почесто раѓаат близнаци

Акушерите ги споредиле по висина жените кои раѓале близнаци и тројки, со просечна висина на жените во Америка и откриле дека високите жени почесто раѓаат близнаци.

interesni-fakti-za-bliznaci-poslednite-decenii-e-zgolemen-brojot-visokite-zeni-pocesto-gi-ragjaat-3.jpg

Истражувањето било објавено во списанието за репродуктивна медицина. Научниците сметаат дека причината за ова лежи во хормонскиот фактор сличен на инсулин кој е поврзан со веројатноста за раѓање близнаци и со висината на телото.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не се сексуални работнички, тренираат напорно: Факти за јапонските гејши Пред да станат гејши жените имаат многу тешки тренинзи, учат да танцуваат со леп...
Во сите има метал од Ајфеловата кула – Факти за медалите за Олимписки игри 2024 Хексагонот на медалите е направен од парче железо од Ајфеловата кула, додека на ...
Бил расист, ги запоставувал децата – Мрачни детали за таткото на Доналд Трамп Доналд Трамп потекнува од моќно и богато семејство, но наводно неговото детство ...
Бил посреќен пред да се прослави со улогата на Габриел - Кој е Лукас Браво, згодниот готвач од Emily... Emily in Paris имаше премиера на 4-та сезона, а под долгата коса, брадичката и г...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg