Најдобрите цитати на Џим Морисон
Џим Морисон беше американски поет, пејач, контроверзна личност, но тој исто така и голем филозоф. На почетокот на неговата кариера, тој бил неверојатно резервиран и срамежлив што често пеел со свртен грб кон публиката...
Но, понатаму неговите настапи често воделе до немири. Тој својата страст ја трансформирал во свои стихови, своја поезија и свои размислувања.
Иако умре млад, на 27 години, Џим позади себе остави големо музичко и литературно наследство.
Ова се некои од најдобрите цитати на Џим Морисон:
1. Најважниот вид на слобода е да бидете она што навистина сте. Ја менувате вашата реалност за улога. Се откажувате од вашата способност да чувствувате, а во замена за тоа, ставате маска.
2. Блејк рече дека телото е затвор на душата, освен доколку сите пет сетила не се целосно развиени и отворени. Тој сетилата ги нарекувал "прозорци на душата."
3. Мислам дека во уметноста, особено во филмовите, луѓето се обидуваат да го потврдат своето постоење.
4. Музиката го разгорува темпераментот.
5. Секоја генерација бара нови симболи, нови луѓе, нови имиња. Тие сакаат да се „разведат“ од своите претходници.
6. Ако мојата поезија има цел да постигне нешто, тоа е да ги избави луѓето од ограничени начини на кои тие гледаат и чувствуваат.
7. Љубовта не може да ве спаси од вашата судбина.
М. А. | Црнобело