Пред 10.000 години сите луѓе имале кафеави очи: Неверојатни факти за очите
Секој ден ги заморуваме очите со гледање во екраните на компјутеритите, од утро до вечер. Забораваме дека нашите очи се крајно деликатен и сосема уникатен орган чија комплексност научниците допрва треба целосно да ја разберат.
А, ова се дел од неверојатни факти за нив кои сигурно не сте знаеле:
1. Зеницата на окото се шири до 45% кога ќе ја погледнете личноста која ја сакате.
2. Човековите рожници се толку слични на рожниците на ајкулата што се користат како замена во операција на човекови очи.
3. Секое око содржи 107 милиони клетки, а сите од нив се чувствителни на светлина.
4. Човечкото око гледа само три бои: црвена, сина и зелена боја. Сите други бои се комбинација од овие три бои.
5. Очите се тешки околу 8 грама.
6. Во просек, очите гледаат 24 милиони различни слики.
7. Во просек трепкате 17 пати во минута, 14.280 пати на ден и 5.2 милиони пати годишно.
8. Очите можат да процесираат околу 36.000 делови на информации секој час.
9. Окото се фокусира на околу 50 работи во секунда.
10. Од сите мускули во вашето тело, мускулите кои ги контролираат вашите очи се најактивни.
11. Пред 10.000 години сите луѓе имале кафеави очи.
12. Преку едноставен тест на окото со 98.3% точност може да се постави дијагноза на шизофренија.
13. Луѓето и кучињата се единствените суштества кои можат да ги видат визуелните знаци од очите на другиот поединец.
14. Постојат бои кои се премногу комплексни за човечкото око, се нарекуваат „невозможни бои“.
15. Бебињата не гледаат бои кога ќе се родат.
16. Објективот на окото е побрз од објективот на фотоапаратот.
М. А. | Црнобело