10 помалку познати факти за Мистер Бин
Британската хумористична серија за првпат на телевизија е прикажана пред 25 години. Ликот на осамениот и несфатен Мистер Бин и денес развеселува многу луѓе низ целиот свет.
Начините на кои успева да се избори со незгодните ситуации во кои се наоѓа, ни даваат храброст на сите нас кога ќе се најдеме во било која непосакувана ситуација.
10 факти за ликот на Мистер Бин, кој маестрално го одглуми британскиот актер Роуан Аткинсон:
1. Роуан Аткинсон почнал со работа на карактерот на Мистер Бин додека ги завршувал магистерските студии на електротехничкиот факултет. Првпат го претставил ликот на фестивалот во Единбург „Canned Laughter“ во 1979 година.
2. Популарноста на Мистер Бин пораснала во 1987 година по прикажувањето на фестивалот „Just for Laughs“ во Монтреал. Аткинсон инсистирал да изведе скеч пред публика која зборува француски, за да го тестира физичкиот аспект на комедијата која ја претставува.
3. ТВ серијата „The Mr. Bean“, која почнала со емитување во 1990 година ја осмислиле Аткинсон и Ричард Куртис, кој подоцна ги напишал сценаријата за филмовите „Four Weddings and a Funeral“ и „Love Actually“.
4. Аткинсон изјавил дека инспирација за ликот на Мистер Бин бил карактерот на Монсије Хулот, француски комичар од периодот на немите филмови.
5. Името Бин (Bean од англиски грав) е осмислено во 1989 година. Пред тоа Аткинсон и Куртис размислувале за многу варијанти, пред да се одлучат за „грав“.
6. Мистер Бин нема презиме.
7. Мистер Бин живеел на втор спрат на улицата Arbour Road, во северниот дел на Лондон. Адресата е измислена.
8. Иако го препознаваме како осамен, Мистер Бин имал и девојка Ирма Гоб, која се појавува во вкупно 3 епизоди од серијата.
9. Девојките доаѓаат и си одат, а пријателите остануваат. Така, на Мистер Бин најдобар пријател му е мечето Теди. Односот кон него му е конфузен, бидејќи му купува подароци за Божиќ, а понекогаш го користи како четка за варосување.
10. Авантурите на Мистер Бин се гледале дури во 190 земји.
Н. Т. | Црнобело