Секој човек поминува околу 2 недели од животот во бакнување

Љубовта претставува најголема светлина во животот на луѓето. Секој од нас знае дека таа го зголемува квалитетот на нашето постоење.

sekoj-covek-pominuva-okolu-2-nedeli-od-zivotot-vo-baknuvanje-01.jpg

Ако сè уште меѓу вас постојат такви кои не веруваат во ова, прочитајте ги следниве интересни научни факти за љубовта...

1. Жените кои читаат љубовни романи имаат двапати повеќе секс, од оние кои не читаат.

2. Најстарата љубовна песна е напишана пред 4.000 години, а потекнува од областа помеѓу реките Тигар и Еуфрат.

3. Човекот во просек поминува околу 2 недели од животот во бакнување.

4. Мажите кои наутро ги бакнуваат нивните жени, живеат 5 години подолго од оние кои не го прават тоа.

5. Традицијата момчето да и стави дијамантски прстен на својата девојка на денот кога ќе ја запроси, потекнува од 15 век, кога Аркдјук Максимилијан од Австрија, и дал прстен со дијаманти на својата свршеница Мери.

6. На секоја петта долготрајна љубовна врска, двајцата партнери кога ја започнале, истовремено биле и со друг/друга.

7. Откриено е дека 85% од мажите кои умреле од срцев удар во текот на сексуалниот однос со нивната сопруга, имале афери со други жени.

8. Луѓето кои се тазе вљубени лачат помало ниво од хормонот серотонин. Нивото е толку ниско, како кај луѓето кои имаат опсесивно–компулсивно нарушување. Можеби тоа е причината зошто луѓето лесно се опседнуваат со луѓето во кои се заљубени.

9. Според математичката теорија, треба да се забавуваме со околу 12 луѓе, пред да избереме партнер за долга врска, бидејќи на тој начин шансите се големи дека ќе го направиме најдобриот можен избор.

10. Заљубувањето предизвикува смирувачки ефекти на телото и умот, помага во обновување на нервниот систем и ја подобрува меморијата на личноста која е заљубена.

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Бил на рехабилитација, имал 2 сериозни повреди на вилицата: Факти за Зек Ефрон Иако изгледа како да направил пластична операција, промените во изгледот на Зек ...
12 изреки во кои ќе се пронајдат сите родители кои биле на одмор со деца „Јавете им се на пријателите кои се вратиле од одмор со своите деца, едноставно ...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Бил насилен алкохоличар, се дружел со мафијаши, организирал оргии – Бурниот живот на Френк Синатра Френк Синатра не завршил средно бидејќи бил избркан од училиштето. До 25-годишна...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg