Кинески мудрости: Добриот совет е како горчлив лек
Постојат стари мудрости кои знаат работите да ги стават во перспектива. Без разлика на тоа дали станува збор за некои мали проблеми или одговор на важни животни прашања, добро е да се вратите на мудрите мисли на старите и да го искористите нивното знаење.
Еве неколку кинески мудрости кои ќе ви го олеснат животот и можат да ве однесат кон вашата лична среќа:
1. Птицата не пее затоа што го знае одговорот. Таа пее затоа што ја знае песната.
2. На раката која подарува, останува мирисот на цвеќето.
3. Не се плашете од бавното движење. Плашете се од стоењето.
4. Ако на човекот му дадеш риба, ќе го нахраниш за еден ден. Ако го научиш да лови, ќе го нахраниш за цел живот.
5. Не го правете она што не сакате никој да го дознае.
6. Добриот совет е како горчлив лек.
7. Ако сакаш да ја провериш длабочината на потокот, не го прави тоа со двете нозе.
8. Ако постои убав карактер, ќе постои и хармонија во домот. Ако постои хармонија во домот, ќе постои и ред во нацијата. Ако постои ред во нацијата, ќе постои и мир во светот.
9. Не сонувај како риболовиш, туку оди дома и направи мрежа за ловење.
10. 1000 лаги не вредат колку една вистина.