Подобро е да ја изгубиш отколку да ја немаш: Најубави цитати за љубовта
Љубовта е постојана тема и инспирација на човештвото тргнувајќи од настанувањето на светот па до денес. Таа е извор и муза за творештвото на многубројни филозофи, уметници, писатели и музичари.
По зборовите на Платон: „Љубовта може од секого да направи писател“.
Еве што кажале за љубовта некои од најпознатите личности:
1. „Те сакам затоа што целиот Универзум одлучил дека треба да те пронајдам“ – Пауло Коелјо
2. „Никој никогаш досега не измерил, дури ни писателите, што се може да се собере во едно срце“ – Зелда Фицџералд
3. „Тогаш кога љубовта не е лудост, таа воопшто не ељубов“ – Педро Калдерон де ла Барка
4. „Сè што разбирам, го разбирам затоа што сакам“ – Лав Николајевич Толстој
5. „Љубовта е како војна: Лесно може да започне и тешко е да се запре“ – Х. Л. Менкен
6. „Подобро е да ја изгубиш љубовта одошто никогаш да ја немаш“ – Ернест Хемингвеј
7. „Само еден збор не ослободува од сите тешкотии и болки во животот, Тој збор е љубовта“ – Софокле
8. „Како знаеш дека некого навистина го сакаш? Тогаш кога посакуваш личноста да биде среќна тогаш кога таа среќа не те вклучува и тебе“ –Џулија Робертс
9. „Кога двајца се вљубени тие не гледаат еден во друг, туку во ист правец“ – Џинџер Роџерс
10. „Почитувањето е измислено за да се пополни празнината таму каде недостасува љубовта“ – Лав Николајевич Толстој
11. „Мораш да бакнеш многу жаби пред да го најдеш твојот принц“ – Е. Л. Џејмс
12. „Запомни, да сакаш некого значи да го видиш лицето на Бога“ – Виктор Иго
13. „Не е важно колку даваме, туку со колку љубов го даваме тоа“ – Мајка Тереза