Држи ја главата исправено и кога светот се руши: 15 древни индиски мудрости
Старите земји како што е и Индија својата култура и традиција ги граделе со милениуми и не без причина останале да постојат на овој свет.
Со себе тие носат големи мудрости од кои секој човек може да научи нешто вредно и да направи од себе нешто подобро:
1. Ако не знаете каде идете, секој пат ќе ве носи таму.
2. Огинот кој живее во дрвото не може да се види сè додека не се разгори.
3. Доброто воспитување е најголемото добро кое можеме да им го оставиме на децата.
4. Доброто во човекот е капка вода во океан, а злото океан во капка вода.
5. Држи ја главата исправено, дури и кога целиот свет пред тебе се руши.
6. Злото и доброто порано или подоцна го добиваат тоа што го заслужиле.
7. Го изгуби целото богатство на светот – немој да тагуваш за него.
8. Го доби целото богатство на светот – немој да се радуваш за тоа.
9. Кога сакаш и мајмунот за тебе е убав, кога не сакаш не ти е грижа ни за лотосовиот цвет.
10. Кога човекот се раѓа плаче, а другите се смеат, а кога умира другите плачат, а тој се смее.
11. Кога водата капнува на грозје таа испарува. Истата капка ако падне на лотосов цвет ќе блеска, а ако падне на школка ќе стане бисер. Човекот станува тоа со кое се здружува.
12. Кој е опиен од вино, порано или подоцна се трезни, кој е опиен од себељубие до смрт не се отрезнува.
13. Мртвиот слон ги остава своите коски, тигарот своето крзно, а човекот своето име.
14. Никој не умрел од проклетство, ниту преживеал од благослов.
15. Просјакот кој бара трошки ќе најде многу повеќе од оној кој бара цели парчиња.