„Комфорната зона е убаво место, но ништо не расте таму“ и уште 25 цитати за поубав ден

Постојат обични цитати. Оние кои едноставно уште додека ги читате ги заборавате, а постојат и оној тип на цитати кои ќе ви дадат еден вид на момент, на инспирација која слободно можете да ја именувате како: „Аха!“ инспирација.

komfornata-zona-e-ubavo-mesto-no-nishto-ne-raste-tamu-i-ushte-25-citati-za-poubav-den-01.jpeg

Ова е колекција од 26 инспиративни цитати кои ќе ви ја дадат вистинската мотивација да ги постигнете правите цели во животот, ќе ве насочат кон успех и секако на крај, она најважното – ќе ве натераат да живеете среќен и исполнет живот.

1. „Секој кој некогаш направил нешто од значење, бил дисциплиниран“ – Андреј Хендриксон

2. „Не го троши залудно времето на чукање во ѕид обидувајќи сè да го претвориш во врата“ – Коко Шанел

3. „Креативност е кога интелигенцијата се забавува“ – Алберт Ајнштајн

4. „Оптимизмот е доблест која најчесто е асоцирана со успехот и среќата за разлика од било која друга доблест“ – Брајан Трејси

5. „Секогаш држи ги очите широко отворени. Секогаш набљудувај, затоа што не знаеш што може да те инспирира“ – Грејс Кодингтон

6. „Што добиваш со остварување на целите не е онолку важно колку тоа што стануваш со остварување на целите“ – Хенри Дејвид Торо

7. „Ако нешто не ти успева, не ја менувај целта. Промени ја стратегијата“ – Непознат автор

8. „Моите непријатели ги уништувам на тој начин што од нив правам пријатели“ – Абрахам Линколн

9. „Не ја живеј истата година 75 пати, а уште помалку не се обидувај да ја наречеш живот“ – Робин Шарма

10. „Не можеш да ги спасиш луѓето, можеш само да ги сакаш“ – Анаис Нин

11. „Не врнеше кога Ное ја изгради арката“ – Хауард Руф

12. „Сериозно сфаќај ги сопствените соништа“ – Непознат автор

13. „Не постои пат до среќата. Среќата е патот“ – Тич Хан

komfornata-zona-e-ubavo-mesto-no-nishto-ne-raste-tamu-i-ushte-25-citati-za-poubav-den-02.jpg

14. „Да си постојано гневен, тоа е исто како ти да го пиеш отровот и да чекаш другата личност да се отруе“ – Буда

15. „Шампионите продолжуваат да играат сè додека не добијат полн погодок“ – Били Џин Кинг

16. „Ќе успееш затоа што поголемиот дел од луѓето се мрзеливи“ – Шахир Заг

17. „Генијалноста е 1% инспирација и 99% потење“ – Томас Едисон

18. „Комфорната зона е убаво место, но ништо не расте таму“ – Непознат автор

19. „Мораш ти да бидеш промената која сакаш да ја видиш во светот“ – Махатма Ганди

20. „Прави ги работите со страст или воопшто не се обидувај да ги правиш“ – Роза Кери

21. „Ако сакаш да живееш среќен живот заврзи го за целите, не за луѓето и објектите“ – Алберт Ајнштајн

22. „Тревата е позелена таму каде ја наводнуваш“ – Нил Барингам

23. „Никогаш не се откажувај од сон само затоа што ќе ти биде потребно многу време за да го оствариш. Времето и онака ќе помине“ – Ерл Најтингејл

24. „Наместо да размислуваш каде ќе биде твојот следен одмор, можеби е подобро да изградиш живот од кој нема да имаш потреба да бегаш“ – Сет Годин

25. „Понекогаш победуваш, понекогаш учиш“ – Џон Максвел

26. „Никогаш не сонував за успех, работев на него“ – Естер Лаудер

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg