16 бисери на мудроста кои ги научив додека ги следев своите животни страсти
Сите имаме по некоја животна страст која најверојатно ви звучи недостижно голема. Јас имав мал милион такви и за промена настојував да ги остварам.
Низ годините научив најмалку 16 бисери на мудроста кои верувам дека на секој човек на планетава ќе му бидат добредојдени:
1. Учењето и развивањето е невозможно во едно место. Ние сме како риби кои растат толку колку што им дозволуваат границите. Ако патувате, вашите граници значително ќе се зголемат.
2. Ако чекате да бидете мотивирани за да ги завршите обврските, никогаш нема да им го видите крајот.
3. Можете да научите и направите речиси се. Границите си ги поставувате сами.
4. Сонот е најважниот фактор за успешен бизнис, врска и живот.
5. Секогаш точно знаете од каде да започнете.
6. Мозкот е како батерија, потребно му е полнење. Одморот е полначот за него.
7. Напорната работа не е клучот за успех, ниту паметната работа. Но, ако работите напорно на паметно работно место, можете да направите се што ќе замислите.
8. Ако можете обичната активност да ја претворите во навика, веќе сте на половина пат до успехот.
9. Врските не се темелат на љубов, почит или убави зборови, туку на вредноста која им ја давате, неважно дали се работи за клиент, сопруг, пријател или соработник.
10. Дури и кога мислите дека немате избор - верувајте дека имате.
11. Можете и би требало да ги прекршите правилата. Никој не станал успешен стоејќи во место и следејќи ја константата.
12. Сите имаме потреба од човек кој ќе не предизвика да успееме.
13. Во глобала, луѓето се добри и услужливи. Понекогаш нашиот пристап не е на место.
14. Во животот ви се потребни 3 типа на луѓе: оние на кои можете да им помогнете, луѓе кои се на исто ниво како вас и луѓе кои можат да ви помогнат. Внимателно одржувајте го овој триаголник.
15. Најдобриот лек за анксиозност и депресија? Кислород. Не заборавајте да дишите длабоко.
16. Секогаш држете ја едната нога во зоната на комфорот, а едната надвор од неа.