Цитати за убавината кои ќе ве направат да се чувствствувате најубави
Физичката убавина е релативна бидејќи е минлива, но онаа внатрешната во секоја жена никогаш не старее.
Поважно е да бидеш убав внатрешно, отколку надворешно, а на тоа ќе ве научат следните цитати кои освен тоа ќе ви покажат дека секој човек е убав на свој начин.
- За да имаш атрактивни усни, секогаш изговарај само убави зборови.
- Убави очи се оние очи кои го гледаат само доброто и убавото во сè околу нив.
- Доколку сакате да имате витка и прекрасна фигура, споделете ја храната со оние кои немаат што да јадат.
- Елеганцијата е убавина која никогаш не старее.
- Несовршенството е убавината, лудилото е генијалноста. Бидете несовршени и генијални!
- Убав си кога се прикажуваш во добро светло однадвор, но во најдобро светло однатре.
- Верувај дека изгледаш убаво и ќе изгледаш убаво, бидејќи нема ништо поубаво од жена која знае дека е убава.
- Барај ја убавината во обичните работи, ќе сфатиш дека светот е феноменално убав.
- Бидете среќни и ќе бидете убави.
- Насмевката е накит на секоја убава жена.
- Бидете убави во своите триесетти, шармантни во своите четириесетти и неодоливи цел свој живот.
- Убавината претставува вашето мислење за себеси, а не вашиот одраз во огледалото.
- Убавото никогаш не е совршено, совршеното не е секогаш убаво.
- Секој е убав, но не секој ја гледа таа убавина во секого.
- Луѓето ќе се гледаат секогаш во тебе, направи им го гледањето за паметење.
- Убавината не е шминка.
- Убавината не се гледа само на лицето, понекогаш се појавува и во сјајот на очите.
- Надворешната убавина е минлива, внатрешната останува засекогаш млада.