Смешни цитати за сестри кои ќе ве натераат да ја прегрнете својата
Да се има сестра е навистина супер - имате со кого да ја делите шминката и гардеробата, да трачарите и да добивате искрени совети...
Овие смешни цитати ќе ве натераат уште повеќе да бидете благодарни што имате сестра, бидејќи тие не само што ќе ве насмеат, туку и со сигурност ќе се препознаете во некои од нив:
1. „Никогаш не и давај на сестра ти да ти ја чешла косата ако е нервозна.”
2. „Што и да се случи...сестра ми е виновна!”
3. „Убаво беше да се расте покрај некој како тебе - некој на кого можеш секогаш да сметаш, некој кој знаеш дека е тука за тебе, некој кој можеш да го поткажуваш и местиш...”
4. „Да се има сестра е исто како да имаш најдобар пријател кој никако не можеш да го откачиш. Што и да направиш, таа секогаш ќе биде тука.”
5. „Знам дека сестра ми ме сака, бидејќи ми ја дава целата стара гардероба, а таа мора да оди и да си купи нова.”
6. „Јас и ти сме сестри. Ако паднеш ќе ти помогнам да станеш... откога ќе престанам да се смеам.”
7. „Јас сум постара сестра, а тоа ме прави главна.”
8. „Сестрите помнат работи кои сакате да ги заборавите. И тоа со многу докази.”
9. „Мојата сестра има најдобра сестра на целиот свет!”