Цитати кои ќе ве охрабрат да се спакувате и да го прошетате светот

Ако се чувствувате дека нешто ве задржува секој пат кога ќе се одлучите да заминете некаде на патување, тогаш вреди да ги прочитате овие цитати, да се инспирирате и да фрлите неколку парчиња облека во куферот...

citati-koi-kje-ve-ohrabrat-da-se-spakuvate-i-da-otpatuvate-01.jpg

Факт е дека можеби никогаш нема да имаме доволно пари, ниту време, па затоа овие две работи никако не смеат да бидат ваш изговор. Сѐ се може кога се сака, зарем не?

Инспирирајте се и отпатувајте во нови светови:

1. „Сите патувања имаат своја тајна дестинација, за која единствено патникот е свесен.”

2. „Каде и да одите, одете со целото срце.”

3. „Не одете каде што ве води патот, туку одете таму каде што нема пат и оставете трага.”

4. „Јас не патувам за да стигнам некаде, туку за да одам некаде. Патувам за доброто на патувањето. Важно е да бидеш во движење.”

5. „Не патуваме за да му избегаме на животот, туку за животот да не ни избега нам.”

6. „Животот е авантура. Ризикувај.”

7. „Сакам да создавам спомени... насекаде низ светот.”

citati-koi-kje-ve-ohrabrat-da-se-spakuvate-i-da-otpatuvate-02.jpg

8. „Патувањето ви ги враќа моќта и љубовта назад во вашиот живот.”

9. „Животот почнува онаму каде што завршува твојата комфорна зона.”

10. „Не сум бил секаде, но и тоа е на мојата листа.”

11. „Патувањето е единствената работа која ја плаќате и ве прави побогати.”

12. „Не ви треба магија за да исчезнете, туку дестинација.”

13. „Барем еднаш годишно отидете некаде каде што никогаш не сте биле.”

14. „Мораме да бидеме авантуристи со цел да дознаеме каде навистина припаѓаме.”

15. „Дестинацијата не е место, туку нов начин на гледање на работите.”

citati-koi-kje-ve-ohrabrat-da-se-spakuvate-i-da-otpatuvate-03.jpg

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg