Жешки страсти: Најинтересните цитати за сексот
Доказ за тоа дека сексот секогаш ни се врти низ главата, се токму овие интересни цитати кои вреди да ги прочитате.
Ако ви недостига страст, побарајте ја меѓу овие реченици:
1. „Уметноста на сексот е уметност на контролирањето губење на контролата.” - Пауло Коелјо
2. „Кога би морал да одговорам на прашањето: Што ја прави една жена добра во кревет? Би одговорил: Маж кој е добар во кревет.” - Боб Гучионе
3. „Во училиштата не треба да има сексуално воспитување, бидејќи сексот е забавен, валкан и грешен.” - Флоренс Кинг
4. „Љубовта не е резултат на сексуално задоволство, туку сексуалното задоволство е резултат на љубовта.” - Ерих Фром
5. „Сексот е еден од деветте важни причини за реинкарнација. Останатите 8 се неважни.” - Хенри Милер
6. „Проблемот е во тоа што Бог им дал на мажите мозок и пенис, но не и доволно крв за овие две работи истовремено да функционираат.” - Робин Вилијамс
7. „Пијана жена - отворена врата” - Германска поговорка
8. „Жените го движат светот. Бог им ги поставил сите карти измеѓу нозете.” - Џејмс Џонс
9. „Сексот е како парите. Само премногу е доволно.” - Џон Апдајк
10. „Не знам ништо за сексот, бидејќи отсекогаш сум мажена.” - Жа Жа Габор