Светските диви за стилот: На жената ништо не ѝ стои подобро од самодовербата

Модата може да е само моментален тренд. Но, стилот е она што обележува и што претставува идентитет.

svetskite-divi-za-stilot-na-zenata-nisto-ne-i-stoi-podobro-od-samodoverbata-01.jpg

Некои само го гледаат и се обидуваат да го следат, додека другите го создаваат како свој личен печат.

Еден дел од втората група кои успеале да останат забележани како модни диви се и некои светски дами:

1. Убавината на жената се гледа во нејзините очи, бидејќи тие се вратата до нејзиното срце, местото во кое живее нејзината љубов. - Одри Хепбенрн

2. Ништо не може да ѝ стои подобро на жената од нејзината самодоврба. Тоа е најдобриот аксесоар кој една жена може да го носи. - Бијонсе

3. Карактер, интелект, сила и стил. Тоа ја обликува и дефинира денешната убавина. - Дајана фон Фирстенберг

4. Модата се врти околу екстраваганцијата, која би тебало да ја поседуваат сите. Барем трошка од неа. - Карин Ротфелд

5. Ако морам да изберам помеѓу стилот и модата, би ја одбрала модата која е помалку претенцозна, а повеќе автентична. Модата е некој вид декларација на слободата - Ана Дело Русо

svetskite-divi-za-stilot-na-zenata-nisto-ne-i-stoi-podobro-od-samodoverbata-02.jpg

6. Никој не сака да изгледа комично, бесмислено или надвор од сите случувања, но секако сакаме да видиме колку може поголем број дизајнери кои ќе нè убедат дека прават нешто ново, нешто надвор од нашето време. Тоа е она што се менува во модата и треба да се прифати. Модата ако не се менува, тогаш светот стагнира и стои во место. - Ана Винтур

7. Дајте ѝ на девојката пар чевли и ќе може да го освои светот.  - Мерилин Монро

8. Никогаш не носам облека во која не се чувствувам опуштено, природно и релаксирано. Кога станувам наутро знам што да облечам. Тоа е моето шесто сетило. - Попи Делевињ

9. Нема потреба да изгледате како сите останати. Многу е позабавно кога ќе најдете свој стил по кој ќе бидете единствени и автентични. - Твиги

10. Жената никогаш не е сексапилна ако не се чувствува удобно во својата облека или чевли. - Вера Ванг

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg