15 изреки за повесел ден: Кој рано рани, не се наспал
Ако во текот на еден ден се насмеете 100 пати тоа е исто како 15 минути да сте возеле велосипед.
За да го зачувате здравјето и да имате ведар и исполнет ден, прочитајте ги овие смешни изреки кои дефинитивно ќе ви измамат насмевка.
Не заборавајте да ги споделите со пријателите за да им го направите поубав денот:
1. Подобро пет до дванаесет, отколку ниедна после еден.
2. Добриот грав далеку се слуша.
3. Јас никогаш не пијам, освен кога сум сам или со пријателите.
4. Кој рано рани, не се наспал.
5. Логиката е наједноставниот начин за самоуверено да дојдете до погрешен заклучок.
6. Не трчајте по жените, бидејќи можете да се судрите со оние кои бегаат од нив.
7. Оптимизмот е недостаток на информации.
8. Работата го создала човекот, а неработењето господинот.
9. Секогаш паѓам на испити... проклети столчиња!
10. Зарем морам сто пати да ти повторувам? - му рече сантиметарот на милиметарот.
11. Кој се смее последен, не ја сфатил шегата.
12. Господе дај ми трпение, само ако може побрзо!
13. Реалноста е илузија предизвикана од недостаток на алкохол.
14. Некогаш бев многу неодлучен. Или можеби не бев?
15. Јас ваков сум роден, а кое е твоето оправдување?
Дополнете ја листата и изнудете некоја насмевка плус :)