Совети за животот од Стив Џобс
Основачот на Apple, Стив Џобс кој важеше за еден од најбогатите луѓе во светот, зад себе остави неколку совети за животот кои ќе ве охрабрат да ги следите вашите соништа и да верувате во себе, бидејќи тоа е единствената формула за успех.
Послушајте ги неговите совети, бидејќи немате што да изгубите, може само да добиете:
- Ако денес е последен ден од твојот живот, дали би го правел она што го правиш секој ден?
- Твоето време е ограничено, не троши го во живеење на нечиј туѓ живот.
- Единствениот начин да успееш е да го работиш тоа што го сакаш. Ако сè уште го немаш пронајдено тоа што го сакаш, не се откажувај. Кога ќе го пронајдеш, срцето ќе го препознае и ќе ти каже.
- Дали сакаш животот да го поминеш продавајќи вода, или ќе ја искористиш шансата за да го промениш светот?
- Остани гладен, остани детинест.
- Едноставното може да биде потешко од комплицираното. Мораш да работиш напорно на себе за да успееш комплицираното да го направиш просто, но кога ќе стигнеш до таму, биди сигурен дека ќе можеш да поместиш и планини.
- Полесно е да бидеш пират, отколку да и се придружиш на морнарницата.
- Остави ја вратата отворена за фантастичното.
- Не гледај назад.
- Опкружи се со брилијантното.
- Покажи им го патот на другите.
- Верувај на инстинктите и превземај ризици.
- Прави тешки одлуки.
- Споделувај го своето знаење и мудрост.
- Запомни дека еден ден секако ќе умреш, само така ќе се спречиш себеси да мислиш дека има што да изгубиш ако се обидеш!