Факти за „Титаник“ кои не сте ги знаеле: Буџетот за филмот бил поголем од буџетот на самиот брод
Сите сме го гледале мегахитот на Џејмс Камерон за потонувањето на најпознатиот брод во историјата. Но, ако мислевте дека со тоа сте ги дознале сите детали и вистини за „Титаник“, се лажете.
Постојат некои неверојатни факти за овој брод кој може да ви откријат сосем нови погледи на целата приказна.
1. Вежбата за итна евакуација во чамците за спасување во случај на несреќа требало да биде одржана ден претходно, но била откажана.
2. Се сеќавате на сцената од филмот, кога музичарите свират иако бродот тоне? Тоа навистина се случувало. Свиреле додека ледениот океан не ги проголтал.
3. Милтон Херши, основачот на познатата фабрика за чоколади „Hershey“ имал карти за „Титаник“, но во последен момент морал да ја откаже резервацијата поради работни обврски.
4. Јапонец кој го преживеал бродоломот по враќањето во својата земја е прогласен за кукавица, бидејќи не загинал чесно заедно со останатите патници.
5. Од прочуените четири оџаци на „Титаник“, работеле само три. Четвртиот бил само шминка за бродот да изгледа помоќно.
6. Буџетот за филмот „Титаник“ бил поголем од буџетот на самиот брод.
7. Ледената санта во која удрил „Титаник“ го започнала својот пат околу 1000-тата година п.н.е.
8. Бродот „Калифорнијан“ бил многу блиску до „Титаник“ и иако можел да ги спаси сите патници, поради густата магла и проблемот во комуникацијата, тоа не се случило.
9. Шефот на кујната на „Титаник“ ја преживеал несреќата и замрзнатата океанска вода во која поминал два часа, бидејќи бил толку многу пијан, што алкохолот му ги греел виталните органи додека не стигнала помошта.
10. „Титаник“ е единствениот прекуокеански брод кој удрил во санта мраз.
11. Ниеден чамец за спасување не бил исполнет до максималниот капацитет.
12. Ако само 30 секунди порано ја забележеле ледената санта, не би дошло до несреќата.