25 работи кои не ги знаете за Октоберфест
Еден од најголемите пивски фестивали, кој претставува вистински празник на забавата, дружењето и полните стомаци, покрај многуте познати традиционални работи кои се случуваат има и свои тајни.
Љубителите на добро пиво уживаат овие денови во едни од најдобрите пива и колбаси, посужени од баварските секси девојки.
Студени кригли, полни буриња, многу музика, натпревари и забава го прават овој фестивал посебно доживување за секој кој го посетува.
Покрај сè што знаете, дознајте уште неколку интересни факти:
1. Името е погрешно
Октоберфест почнува во септември.
2. Има традиција од 204 години
Првпат се одржал во 1810 година.
3. На почетокот немало пиво
Октоберфест почнал како свадба, но без пиво на која сиромашните славеле за Лудвиг ван Баерн, кралот на Баварија и принцезата Тереса вон Сашен – Хилдургхаусен.
4. Ако се распрашувате за „Weisen“ наместо за Октоберфест, ќе ве сметаат за тамошен
Октоберфест првично е познат како „Weisen“ од локалците, според Teresienwiese местото каде се одржува наречено според принцезата Тереса.
5. Во 204 години традиција, 24 пати бил откажан
Најчесто заради војна или некоја болест.
6. Просечно се пијат 7 милиони литри пиво
Сето тоа за 16 дена.
7. Оваа година литар пиво чини 8,5 евра
Не бадијала го нарекуваат течно злато.
8. Опасно пиење
Секоја година 600-800 луѓе колабираат од преголема испиена количина пиво.
9. Шаторите на Црвен Крст се секогаш преполни
Лани 7.550 побарале лекарска помош, а 2.030 полициска.
14. На Октоберфест не цвета само бизнисот за пиво
Обично има од 500 до 800 проститутки кој работат во Минхен и за време на Октоберфест заработуваат трипати повеќе од вообичаено.
15. Има специјален легален „Октоберфест“ кокаин
Направен е од шеќер и ментол.
16. Има 14 огромни пивски шатори
Најголемиот Hofbräu-Festhalle има место за 11.000 луѓе.
17. Има и вински шатор
Но, полн е со стари луѓе.
18. Сè завршува во 23:30 часот
Тогаш сите одат во клубовите и дискотеките каде се продолжува забавата.
19. Почнува рано наутро, од 9:00 во викендите, а 10:00 во текот на неделата
Целиот концепт е на семејно-пријателски панаѓур и овозможува дружење во текот на целиот ден.
20. Не е само пивото
Има уште 140 ресторани за храна кои служат секакво месо, слатки и овошје.
21. Ја помага економијата
Октоберфест вработува околу 12.000 луѓе.
22. Пилешкото е најпопуларно
Иако прва слика за храна кога ќе се спомне Германија и Октоберфест ви се колбасите, сепак, печеното пилешко е најбарано. За споредба, има 482.361 изедено печено пиле, а 112.772 свински колбаси.
23. Октоберфест има своја пошта за испраќање сувенири
Минатата година се испратени 130.000 сувенири.
24. Има колекција на изгубено-најдено која просечно содржи по 5.000 работи
Многу често се наоѓаат вилици и бурми.
25. Тоалети и кригли
Октоберфест има обезбедено 1.800 кабини за јавни тоалети, а обезбедувањето има фатено 130.000 украдени кригли.