12 интересни факти за градите: Спиењето на стомак го менува обликот, најголемите имаат обем од 178 cm
Дали сте знаеле дека во Лондон може да пиете шампањ од чаша која има облик на градите на Кејт Мос или дека мажите имаат брадавици бидејќи некогаш биле жени?
Додека мажите во нив гледаат предмет на задоволство, а жените убавина на телото која се истакнува од деколтето, се издвојуваат и некои други интересни факти за градите кои веројатно не сте ги знаеле.
1. Стимулацијата на брадавиците може да ве зближи со партнерот. Тоа е резултат на еволуцијата кога мажите откриле дека жените физички ќе им се приближат повеќе, ако им ги стиснат брадавиците.
2. Некои жени може да доживеат оргазам само со стимулација на брадавиците, бидејќи мозокот на жената ги обработува дразбите од брадавиците на ист начин на кој ги обработува и дразбите на гениталните стимулации.
3. Мажите имаат гради и брадавици бидејќи некогаш биле жени. Сите фетуси на почетокот се женски пол, а дури по 6 недели тестостеронот почнува да ја презема улогата. Тогаш градите и брадавиците веќе станале дел од телото.
4. Најголемиот градник е со големина L, a најмалиот со големина ААА. Но, L корпите се достапни во продавниците од 2011 година.
5. Во Лондон може да се напиете шампањ од чаша која го има обликот на градите на Кејт Мос. Овие чаши постојат во лондонскиот ресторан „34“ и се обликувани според градите на оваа култна манекенка. Имаат дури и нејзин потпис на самото дно.
6. Студиите тврдат дека доењето го намалува ризикот од болести на срцето и рак. Покрај тоа, им помага и на мајките да изгубат неколку килограми кои ги качиле за време на бременоста и го намалува ризикот од постпородилна депресија.
7. Корсетите кои ги подигнуваат градите излегле од мода за време на Првата светска војна, бидејќи војската барала од жените да се откажат, зашто имале недостаток на челик.
8. Секој ден се произведуваат околу 4 милиони нови градници.
9. Една студија од 2013 година потврдува дека мажите кои сакаат големи гради се слабо ситуирани, имаат финансиски проблеми и повеќе сакаат деца, за разлика од оние кои сакаат помали гради и се подобро ситуирани, но не планираат деца.
10. Ако спиете на стомак, со текот на времето ќе го промените обликот на своите гради. Можеби не веднаш, но по неколку години интензивно спиење ќе се промени нивниот облик. Најдобра поза за спиење е на страна.
11. Постојат 8 различни типови брадавици кои варираат меѓу нормални, рамни, испапчени и вовлечени.
12. Најголемите природни гради ги има Американката Ени Хокинс-Тарнер, со измерен обем преку брадавиците кој изнесува неверојатни 178 cm.