Станете лидери: 15 лекции на Робин Шарма
Робин Шарма е автор на 15 популарни книги меѓу кои „Кој ќе плаче кога ќе умреш“, „Лидер без титула“ и бестселерот „Свештеникот кој го продаде своето Ферари“, продаден во повеќе од 3 милиони примероци низ целиот свет.
Робин се појавил во бројни радио и телевизиски програми каде држел предавања низ целиот свет.
Во неговите дела, исто така се издвојуваат мудри мисли кои вреди да се запомнат и на кои е добро да се потсетите, ако сакате да ја научите тајната за да бидете вистински лидер:
1. Дајте им го на другите она што најмногу посакувате да го добиете.
2. Разговорите кои ги одбивате се всушност оние кои треба да ги водите.
3. Сите големи умови на почетокот биле исмевани, па дури потоа прифатени.
4. Колку повеќе се фокусирате на грижата за тоа дали ќе бидете пофалени и дали ќе заработите доволно пари, помалку време ќе имате да се фокусирате на тоа што треба да го направите за да ги добиете аплаузот и парите.
5. Колку повеќе неред си дозволите во животот, толку побрзо нередот ќе ви стане нормален и составен дел од животот. Имајте повисок праг на толеранција и не дозволувајте различни луѓе и случувања да ви станат составен дел од животот.
6. Тајната на генијалноста не е во генетиката, туку во секојдневното вежбање и издржливоста.
7. Најдобрите лидери ги подигнуваат луѓето кога сите останати се трудат да ги спуштат и згазат.
8. Највредниот ресурс на сите амбициозни луѓе не е нивното време, туку нивната енергија. Би требало да знаете добро да владеете со енергијата.
9. Колку повеќе се приближувате до своите граници, толку повеќе вашите граници ќе се поместуваат подалеку.
10. Бидете толку добри во тоа што го правите, така што никој во светот нема да може да го направи тоа како што можеш ти.
11. Во просек, потребни се барем 10 години работа за луѓето да кажат дека сте постигнале успех преку ноќ.
12. Никогаш не оставајте добра идеја, без да направите нешто за да ја реализирате.
13. Секогаш е подобро да направите неколку работи како вистински мајстори, наместо да направите многу просечни работи.
14. Поминете многу повеќе време во учење, отколку во подучување.
15. Успехот лежи во упорноста и посветеноста на неколку фундаментални работи. Успехот е многу едноставен. Не е лесно да го постигнеш, но едноставно е.