10 љубовни цитати од Кери Бредшо

Дозволете и на вечната романтичарка Кери Бредшо да ве внесе во својот магичен,љубовен свет преку само 10 прекрасни цитати.

10-ljubovni-citati-od-carrie-brashaw-01.jpg

1. Кога се работи за врските, можеби навистина никому не треба да му судите. Затоа што е невозможно да знаете што е правилно. Некој можеби само сака да се смири, да побара сигурност, а некој одбива да прифати било што помалку од пеперутки во стомакот.

2. Да бидеш сам некогаш значело дека никој не те сака. А сега, тоа значи дека си прилично секси и не брзаш со одговорите на прашањата каков живот сакаш и со кој сакаш да го поминеш.

3. Играв жешки игри. Поминав низ сите вртлози. Сега чувствувам дека запознав некој со кој би можела да стојам мирно барем на минута. Зар ти не сакаш да стоиш мирно со мене?

4. Некаде таму постои уште еден мал фрик кој ќе не сака, размазува, ќе ни ги бакнува главите и ќе направи сè да биде малку подобро.

5. Барам љубов. Онаква чудна, неприфатлива, сеприсутна, не-можеме-да-живееме-еден-без-друг љубов.

10-ljubovni-citati-od-carrie-brashaw-02.jpg

6. Кога мажите ќе се одлучат за храбри гестови, тоа генерално се смета за романтично. Кога жените ќе го направат истото, се сметаат за очајни.

7. Можеби грешките ја прават нашата судбина. Без нив, што би го обликувало нашиот живот? Да не лутаме никогаш не би се заљубиле и не би имале деца, никогаш не би станале тоа што сме. На крајот од краиштата - годишните времиња се менуваат. Како и градовите, сите се поинакви. Луѓето доаѓаат и одат. Но, утешно е што знаеш дека оние кои ги сакаш секогаш се во твоето срце.

8. Животот ти дава многу можности да упропастиш сè, што значи дека имаш исто толку шанси за да ги исправиш истите работи.

9. Универзумот можеби не игра фер, но затоа има проклето добра смисла за хумор.

10. Можеби минатото е како сидро кое не држи во место. Можеби е потребно да се ослободиме од она што сме биле за да станеме она што сакаме да бидеме.

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg