Среќни мисли за поубав ден

Среќата е насекаде околу нас. Цврсто ја носиме во себе, ја среќаваме околу себе. Трикот е едноставен: За да бидеш среќен мора да сакаш да бидеш среќен.

pocnete-go-denot-so-srekni-citati-01

Среќата е во секој од нас. Со неа се раѓаме и живееме, а тајната е многу едноставна: Среќни сме само тогаш кога решаваме да веруваме дека сме среќни.

Пораката на секој цитат е токму таа, дека среќата е избор и лична желба, а не случајност. Затоа збогатете си го умот и срцето со ведрина и убави мисли и запомнете си некој омилен цитат на кој ќе се потсетувате.

1. Не постои пат до среќата, бидејќи самиот пат е среќа.

2. Најсигурен начин за да не бидеш несреќен е да не очекуваш да бидеш премногу среќен.

3. Оној кој мисли дека е среќен, навистина е среќен.

4. Не зависи од вас дали ќе бидете богати, но зависи од тоа дали ќе бидете среќни.

5. Среќниот човек е како сонце, каде и да оди грее и осветлува.

6. Секој ја добива среќата според неговите сфаќања.

7. Она што нас непосредно нè усреќува е ведрината во умот. Оваа особина е награда самата по себе.

8. Среќата во овој живот помалку зависи од тоа што ви се случува, а повеќе од тоа како го прифаќате.

9. Среќата и несреќата се кријат во нашиот однос кон случувањата, никогаш во природата на самите случувања.

10. Подобро е да се биде среќен, отколку паметен.

11. Кога си среќен и сонцето трча по тебе.

12. Среќен е оној човек која успева да живее само во сегашноста

13. Кој има среќа не му е потребен разум, кој има разум потребна му е среќа.

14. Птиците и цвеќињата се посреќни од луѓето бидејќи ништо не знаат за иднината. Немаат никакви зборови во нивната глава, не чувствуваат никаков страв од тоа што мислат другите за нив. Затоа немојте да се плашите за утрешниот ден, туку мислете на денес.

15. Оној кој никогаш не сакал, никогаш и не бил среќен.

Би можело да ве интересира:

Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg