Анџелина Џоли: 10 цитати за животот

Анџелина Џоли постојано го привлекува јавното внимание - со своите изјави, улоги, приватен живот или едноставно со својата убавина.

angelina-joli-10-citati-za-zivotot-01

Големата хуманитарка, која живее по принцип што една третина од својата заработка ја дава во хуманитарни цели, пред само неколку дена го прослави својот 39-ти роденден.

Токму затоа, издвоивме 10 од нејзините највпечатливи животни пораки:

1. „Кога си опкружен со многу поединци кои постојано ти зборуваат дека си прекрасен, со текот на времето веруваш дека си сјаен. Меѓутоа, кога некој ќе ти каже дека нешто правиш погрешно, подеднакво лесно ќе поверуваш во тоа.“

2. „Без болка не би имало патење, без патењето не би научиле од своите грешки. Болката и патењето ги отвораат сите прозорци, а без нив нема живот.“

3. „Мислам дека лузните се секси. Тоа значи дека си направил грешка која резултирала со хаос.“

4. „Не верувам во чувството на вина, верувам во импулсивен живот додека некој ненамерно не повредите. И никогаш не осудувајте, треба да живеете во потполна слобода.“

5. „Има нешто во смртта што е утешно. Заради помислата на тоа дека може да умреш уште утре, повеќе го цениш животот денес.“

angelina-joli-10-citati-za-zivotot-02

6. „Кога ќе почнам да размислувам логично, а не ги слушам своите инстинкти - тогаш запаѓам во неволја.“

7. „Па што ако излезам будала, на кој му е грижа? Не се плашам од туѓата перцепција за мене.“

8. „Ако ги прашате луѓето што отсекогаш сакале да направат во животот, повеќето од нив помислуваат на нешто што никогаш не го направиле. Тоа ми го крши срцето.“

9. „Мислам дека сите жени минуваат низ фаза во која мразат нешто на себе или нешто не им се допаѓа. Прекрасно е најпосле да го исфрлиш тоа што те загрижува. Затоа ги сметам мааните за привлечни, исто како и лузните.“

10. „Кога имаш 6 деца, засекогаш си обврзан.“

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg