Факти за виното кои вреди да ги знаете
Еден факт кој на сите ни е познат е тоа дека во виното е вистината. Но, постојат уште многу интересни факти поврзани со овој пијалок на „боговите”.
Доколку сте љубители на виното, овие факти едноставно мора да ги знаете:
1. Здравица. Традиционалното чукнување на чашите потекнува од стар Рим, a на овој начин римјаните биле сигурни дека никој не пробува некого да отруе преку виното.
2. Египќаните не пиеле вино. Античките египќани биле против пиењето на овој пијалок, бидејќи сметале дека црвената боја на виното е крвта од човекот кој пробал да се бори со божествата и не успеал.
3. Чување на виното. Виното се чува на суво и темно место и надвор од кујната. Во спортивно, пијалокот го губи својот квалитет.
4. Сексот и виното. Истражување покажало дека жените кои практикуваат да пијат една до две чаши вино во текот на еден ден уживаат повеќе во сексот од оние жени кои воопшто не пијат.
5. Фобија од вино? Постои и тоа, оваа фобија се нарекува оенофобија. Иако звучи смешна, таа навистина им прави штети на оенофобичните луѓе и предизвикувајќи страв, особено при одење во ресторани, барови и слично.