Цитати заради кои ќе го засакате дождот
Сите го сакаме сончевото време кога можеме да се опуштиме со пријателите во дневните прошетки, па чувствуваме дека дождот често ги расипува нашите планови и нашето расположение.
Овие неколку денови не дозволувајте времето да раководи со вашите планови. Еве зошто:
1. „Не лутете му се на дождот, тој едноставно не знае како да паѓа нагоре.” - Владимир Набоков
2. „Дождлив ден поминат на плажата е секогаш подобар од сончев ден поминат во канцеларија.” - непознат автор
3. „Дождливиот ден е како подарок - можете да спиете до доцна а, да не чувствувате никаква грижа на совест.” - Елизабет Ховард
4. „Некои луѓе го чувствуваат дождот, останатите пак само се воденат.” - Роџер Милер
5. „Ако сакате да видите виножито, мора да почекате да заврши дождот.” - Доли Партон
6. „Во сечиј живот понекогаш мора да заврне дожд.” - Хенри Лонгфелоу
7. „Чекам луѓе кои ќе ме замолат да направам да исчезне дождот. ”- Дејвид Коперфилд
8. „Сите кои мислат дека во сонцето е среќата, никогаш не танцувале на дожд.“ - непознат автор
Запаметете, единствено што треба да направите е да го следите ритамот на капките кои паѓаат на земјата!