10 факти поврзани со понеделник

Понеделник е единствениот ден кој ја носи етикетата „најомразениот” во целата недела. Без разлика дали одите во училиште, на факултет или на работа сигурно чувствувате одбивност кон понеделник, бидејќи токму овој ден го означува крајот на викендот и започнувањето на новата работна седмица.

10-fakti-povrzani-so-ponedelnik-01

Погледнете ги овие факти, кои можеби досега не сте ги знаеле, врзани токму за овој ден:

1. Поголемиот дел од луѓето, во понеделник не се насмевнуваат дури до 11 часот наутро -  ако сте намуртени и нерасположени некаде до пладне, не се грижете воопшто, бидејќи не сте единствени.

2. Најдобриот начин да се победи понеделничката депресија е со гледање на телевизија или со секс - освен тоа тука спаѓаат онлајн пазарувањето, купувањето чоколада или планирањето одмор со кои се победува депресијата. Но, веруваме дека повеќето од вас ќе го одберат вториот начин.

3. Во понеделник доцните на работа? Не е ваша вина, дури 50% од вработените доцнат на работа во понеделник.

4. Сигурно половина ден ви поминува слушајќи ги останатите како зборуваат колку го мразат понеделник. Истражувања покажале дека луѓето 12 минути од денот ги трошат зборувајќи за самиот ден.

5. Луѓето помеѓу 45 и 54 годишна возраст најмногу страдаат од понеделничката депресија. Најчесто тие се оние кои зборуваат 12 минути за понеделник.

10-fakti-povrzani-so-ponedelnik-02

6. Понеделник е најнепродуктивен ден - вработените работат само три и пол часа продуктивно и целосно ја завршуваат работата во тој временски период.

7. Најголемиот број самоубиства се случиле токму во понеделник.

8. Исто така, и најголемиот број срцеви удари се случиле токму на овој ден, поради тоа што луѓето најчесто во понеделник се изложени на голем стрес и паника.

9. Иако не го сакаме воопшто, едно истражување покажало дека во понеделник најретко врне дожд за разлика од другите денови. Се претпоставува дека тоа е поради загадувањата кои се случуваат за време на викендите.

10. Ако купувате автомобил - купете го во понеделник. Тогаш шансите да добиете попуст за автомобилот се доста големи. Се смета дека продавачите тогаш се депресивни и преокупирани со мислата што побрзо да го продадат автомобилот.

После овие факти, ние дефинитивно мислиме дека понеделник треба да биде неработен ден. Се согласувате?

10-fakti-povrzani-so-ponedelnik-03

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg