13 фантастични факти кои ќе ве зачудат
Во светот постојат мали милион работи за кои не се ни свесни дека постојат. Некои постепено се откриваат, а некои може да останат и вечни мистерии. Оние кои полека се дознаваат сè повеќе фасцинираат, воодушевуваат или застрашуваат.
Ви издвојуваме 13 фасцинантни факти кои ќе ве зачудат:
1. Во сите океани има доволно сол за потполно да ги покријат сите континенти со слој дебел 152 метри.
2. Научниците направиле ласер кој е милион пати посветол од сонцето, а развива температура од 3.6 милиони степени.
3. Верувале или не, сосем случајно јадете околу 430 бубачки годишно.
4. Луѓето и делфините имаат заедничко потекло. Заедничкиот предок живеел пред 60 милиони години.
5. Црвената течност во шницлите воопшто не е крв, туку миоглобин. Тоа е течност која изгледа како крв, но нејзината точна функција сè уште не е добро позната.
6. Универзумот има 100 милијарди галаксии.
7. Секоја секунда околу 100 громови удираат на нашата планета. Но, само 0.0000001 отсто луѓе понекогаш ги погодува гром.
8. Звукот кој го прави грбавиот кит се слуша и до 800 километри во далечина и се смета дека тоа е најгласниот звук на живо суштество.
9. Кога би можеле да го возиме автомобилот само право, за само еден час би биле во Вселената.
10. Бубачката која скока има 50 пати поголемо забрзување од вселенските ракети при полетување.
11. Околу 10 отсто од сите луѓе кои се некогаш родени сè уште се живи.
12. Секоја година се случуваат и по милион земјотреси ширум светот.
13. Под паркот Јелустон во Америка има огромен супер вулкан кој може да експлодира во секој момент.