20 работи кои би сакалe да ги знаевте на 20 години

Честопати, откако ќе поминат неколку години или одредени случувања, ќе научиме некои работи и сфаќаме дека многу поинаку би било ако сме ги знаеле на време.

20-raboti-koi-bi-sakale-da-gi-znaevte-na-20-godini-01

Но, за да се научи нешто, понекогаш се потребни токму грешките и ситуациите од кои ќе извлечеме поука.

1. Читајте ги книгите кои ви ги препорачува професорката

После многу години, кога сè ќе помине и ќе си ги погледнете книгите од факултет, ќе ви биде криво ако знаете дека повеќето од нив не сте ги ни прочитале. Ќе се чувствувате празно.

2. Шоу емисиите не се исто што и вестите

Исто како што мултивитамините не се замена за салатите, така и дневните трач вести и шоубизнис информации не се замена за вестите од вистинските настани во денот и општеството во кое живеете и за кои треба да сте информирани.

3. Добро е да одите на пракса и да работите за време на студиите

Можеби праксата нема да ви изгледа исплатлива и ќе добивате плата колку за вашиот џепарлак, но верувајте дека подоцна ќе ги почувствувате вистинските бенефиции. Искуството кое ќе го стекнете, контактите и она што ќе го научите се главните фактори кои многу брзо по завршувањето на факултетот може да ви ја отворат вратата кон првото вработување.

4. Не работете 7 дена во неделата

Не е добро 5 дена да одите на факултет и 2 дена да работите. Важно е да си дадете време за себе, не само затоа што заслужувате, туку затоа што тоа е неопходно за да имате подобри резултати.

20-raboti-koi-bi-sakale-da-gi-znaevte-na-20-godini-1

5. Бидете пресреќни што се уште живеете со родителите

Затоа што со сигурност ви го плаќаат секое секојдневно задоволство и секоја основна потреба, треба да бидете среќни што ви се намалени трошоците, кои ако се оставени на вас, едвај би ги преживеале.

6. Некои луѓе само сонуваат за образование, а вие ја имате таа шанса

Иако ви се чини дека факултетот ви е најголемо измачување, благодарение на образованието вие никогаш нема да почувствувате како е да се живее на работ и да се посакува нешто основно, за кои некои навистина немаат никакви шанси.

7. Да се нема пари неколку дена, не е исто со тоа да се биде сиромашен

Иако неколку дена ви е најтешко и ви се чини дека е крај на светот и дека сте сиромашни, помислете дека за неколку дена вие пак ќе го пиете омиленото кафе, а некој сè уште нема да има струја..

20-raboti-koi-bi-sakale-da-gi-znaevte-na-20-godini-2

8. Светот не е против вас

Тоа што ви се случуваат некои баксузни денови, незгодни ситуации, помали оценки, сопнувања по патот и слично, не е затоа што целиот свет е против вас или дека нешто намерно ви прави некој. Прифатете дека сигурно има причина за тоа која не сакате да ја размислите и полесно ви е да го обвините светот.

9. Ако не ви се допаѓа сликата за себе кога сте пијани, престанете да пиете

Сигурно сте се виделе или ви кажале за тоа како изгледате кога сте пијан и сте биле згрозени. Единствено решение е да престанете да пиете или да ги знаете сопствените граници кои нема да ве доведат до таа слика.

10. Не сте дебели

Понекогаш некои работи се преувеличуваат, па и еден килограм плус ви изгледа како да сте огромни и дебели. Бидете реални и не претерувајте.

20-raboti-koi-bi-sakale-da-gi-znaevte-na-20-godini-3

Уште 10 работи кои ќе сакате да ги знаете...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg