13 факти кои треба да ги знаеме
Има многу правила, многу мисли кои треба да се запомнат, но во брзата трка со времето, натпреварот со конкуренцијата, одржувањето баланс, истакнувањето во општеството, градењето на стилот, многумина ги забораваат основните начела кои во суштина нè прават луѓе за почит и кои не смееме да ги заборавиме.
1. Животот е тешка битка, немилосрден е и прекрасен, но ако го живееш како што треба ќе ти биде жал да го напуштиш.
2. Нема да престанат да влегуваат нови луѓе во твојот живот, но мора да им обезбедиш место во него. Запрашајте се колку од моменталните обврски и контакти ви се навистина потребни?
3. Одлучете да бидете неверојатни до крајот на животот. Сега, веднаш.
4. Не си поставувајте предизвици и цели само на новогодишната ноќ. Правете го тоа секоја недела.
5. Самодовербата е секси. Им се допаѓа на сите и ги привлекува.
6. Не ги ценете површните луѓе. Отстранете го отровот од сопствениот живот.
7. Ако зборувате злобно и лицемерно за другите зад нивниот грб, вие сте отровот.
8. Прифатете се такви какви што сте. Ако можете нешто да промените - направете го тоа.
9. Светот не се врти само околу вас. Вие сте мала честичка во големата космичка приказна. Завртете се околу себе.
10. Ако сакаш да почнеш сопствен бизнис или сакаш луѓето да те сфатат сериозно – зачлени се во библиотека и почни да читаш.
11. Користи ја технологијата онолку колку што ти е неопходна. Но, некои работи мора да им ги кажеш на луѓето во лице.
12. Првиот впечаток е важен. Вистината за него никогаш не се менува.
13. Имајте ги на ум сите правила пред да преземете следен важен чекор во која било област.