20 чекори за среќен ден
Можеби овие чекори не звучат едноставно кога ќе ги прочитате, но кога ќе ви станат навика, секој ден ќе ви почнува и ќе ви завршува со насмевка и чувство на задоволство.
Има ли подобро од тоа да си подарите поголема среќа и убав и позитивен ден?
1. Секој ден прошетајте по половина час. Барем толку време сигурно имате. Шетајте и смејте се. Ова е проверен универзален антидепресив.
2. Секој ден седете сами во тишина. Пробајте барем 10 минути. Исклучете се од секаква комуникација.
3. Штом станете наутро речете си себеси дека ова ќе ви биде најубавиот ден. Денот што е пред вас го заслужува тоа.
4. Јадете повеќе храна која расте на дрвјата и билки. Избегнувајте пакувана, конзервирана храна.
5. Немојте да прескокнете да се напиете чаша зелен чај. Пијте вода и јадете боровница, брокули и бадеми.
6. Потрудете се секој ден да насмеете барем три личности.
7. Не го трошете своето време и енергија на оние работи кои не можете да ги промените и контролирате. Не се трошете на оговарања или случувања од минатото.
8. Појадувајте како крал, ручајте како принц и вечерајте како студент кој го чека 1-ви во месецот.
9. Животот понекогаш не е фер, но сепак е добар – имајте го тоа на ум.
10. Животот е прекраток за да го трошите на омраза и каење. Простувајте.
11. Не мора секогаш да бидете во право. Согласете се.
12. Не се споредувајте со другите. Никогаш. Не знаете како им е нив.
13. За секоја ситуација која ја сметате за катастрофа, поставете си го следното прашање: Ќе има ли ова некаква важност после 5 години?
14. Што другите размислуваат за вас не е ваша работа.
15. Понудете му помош на оној кому е потребно.
16. Работата нема да ви помогне кога ќе се разболите, но пријателите ќе бидат тука.
17. Без разлика дали е добра или лоша, секоја ситуација ќе се промени. Тоа правило сè уште никој не го променил.
18. За вашето чувство на среќа одговорноста ја носите само вие и никој друг.
19. Кога ќе си легнете навечер, легнете со мисли за благодарност за тоа што сте, каде сте и што имате.
20. Споделете го вашето позитивно искуство со другите.